мексикански ориз

Пикантен мексикански ориз – посен и вкусен прилог!

Овој пат ве водиме во Мексико на дегустација на традиционалната мекисиканска кујна! Со состојки кои се достапни кај нас, може да направиме пикантен мексикански ориз во доматен сос.

Вака приготвен може да се искорити за бурито, тако, фахити, за тако салата или мексиканска пилешка супа. Подготовката е едноставна, 5 минути се меша и 25 минути се вари. Тоа е тоа, ајде да го пробаме!

мексикански ориз

Состојки:

  • 2 лажици ладно цедено масло од репка
  • 1 чаша ориз со долго зрно (басмати или јасмин)
  • 1 ½ чаша зеленчуков бујон или вода
  • ¾ чаша доматен сос
  • 1 мала лажичка чили во прав 
  • ½ мала лажичка лук во прав
  • ½ мала лажичка кимион (кумин) или мелен ким
  • Сол по вкус. 

Подготовка:

  1. Оризот измиј го во цедилка додека добиеш чиста течност. Оваа постапка помага за да се намали количината на скроб и оризот да остани во цело зрно. 
  2. Во тенџере на оган, на умерено висока температура стави го маслото од репка да се загрее. Додај го оризот и пропржи го 3-4 минути, со постојано мешеање додека ја промени бојата и добие стаклест изглед. 
  3. Во тенџерето додај ги бујонот, доматниот сос и зачините. Измешај со дрвена лажица. Зголеми ја температурата на посилно. Штом оризот почни да врие, измешај уште еднаш и покриј го тенџерето со капак. Намали ја температура на ниско и остави го оризот да се вари 25 минути. 
  4. Потоа, отстрани го капакот и остави го 2-3 минути, па промешај го со виљушка. Послужи го како прилог, во тако, бурито…
  5. Од наведените состојки ќе добиете 4 порции, а нутритивната анализа е следната:
нутритивна анализа за мексикански ориз

Совети плус:

  • Ако немаш масло од репка може да го приговиш рецептот со ладно цедено сончогледово масло или маслиново масло од Фила. 
  • Може да користиш и кочански ориз, но потребно е добро да го измиеш за да се намали количината на скроб. 
  • Рецептот може да се направи и со пилешки бујон.
  • Пред да започнеш со подготовката, најдобро е да ги измериш и припремиш состојките. 

Интересни факти за состојките:

  • Ладно цеденото масло од репка е извор на антиоксиданти, како витамин Е и каротеноиди. Антиоксидантите имаат важна улога во заштитата на клетките од оштетување од слободните радикали и оксидативен стрес. Важно е да се спомене дека  изобилува со мононезасителни масни киселини, од кои се издвојува олеинската киселина. Овие масни киселини помагаат во регулирање на нивото на лошиот холестерол, а со тоа го штитат и здравјето на срцето. Ова корисно масло кај нас го произведува Фила, а истото може да се нарача преку нивната веб продавница или да се набави од поголеми маркети. 
масло од маслодајна репка
  • Басмати оризот е богат извор на сложени јаглехидрати, витамини и минерали. Тој содржи растителни влакна, а од минералите е богат со железо и калиум. Благодарение на нутритивниот состав, оризот може да биде корисен за одржување на здравјето на срцето, засилување на имунолошкиот систем и целокупниот организам.
  • Чили пиперките се употребуваат во многу различни кујни по светот, вклучувајќи мексиканска, тајландска, индиска, а во последно време и во македонска кујна. Чилито во прав се користи како зачин кој им дава пикантен вкус на јадењата.

Ти се допадна овој рецепт од мексиканската кујна? Разгледај уште еден супер рецепт за Посно фахити – мексиканско јадење од печен зеленчук во тортиљи.

*Рецептот е овозможен од Фила.

Сподели: