Исхрана за дијабетичари: што да се јаде, а што не и предлог мени

3 најчитани совети во 2018-та година

Сите се стремиме кон совршено зготвени јадења и одличен вкус! А, нема некој кој што не е заинтересиран за своето здравје! Веруваме и дека уживавте читајќи ги нашите совети посветени на здравјето и кујната, веруваме дека ви беа од голема корист сите едукативни информации и со големо задоволство продолжувате да не следите. И, ви благодариме за тоа! Во овој текст, ги издвоивме трите најчитани совети од сите кои ги споделивме во текот на изминатата година.

Па, еве ја листата и трите топ совети по ред!

Исхрана на дијабетичаришто да се јаде, а што не и предлог мени 2

Најчитан совет на место бр. 1: Како да сварите совршен ориз?

На рафтовите во маркетите може да најдеме различни сорти на ориз: басмати, ориз со долго зрно, со кратко зрно, интегрален. Важно е дека помеѓу нив има разлики во начинот на подготовка и кога правите некој рецепт, најдобро е да знаете каков ориз ви е потребен. Па, ако ви се случило варениот ориз да биде сув или да ви се направи како каша, потребен ви е добар рецепт и малку знаење за различните сорти на ориз. Препорачуваме да го прочитате текстот на овој линк.

Најчитан совет на место бр. 2: Исхрана за дијабетичари и предлог мени

Дијабетесот е болест која се шири со епидемиолошки размери во светот, па дури и кај нас веќе е многу често застапена. Животот на луѓето кои се соочуваат со оваа болест е малку поинаков од обично, мора да бидат попретпазливи и да внимаваат што и колку јадат. Со надеж дека ќе помогнеме нивните денови да бидат поубави и полесни, препорачуваме да ја споделите оваа содржина за исхрана за дијабетичари и да ни помогнете во таа цел.

Постојат повеќе фактори кои влијаат на појавата на дијабетесот меѓу кои најчести причини се: неправилниот начин на исхрана (исхрана богата со многу масти), физичка неактивност и генетски предиспозиции. Препорачуваме да продолжите со читање на целосната содржина на овој линк.

Најчитан совет на место бр.3: Како да направите совршена палента

Палентата која е позната и како пченкарен гриз, претставува оброк кој е многу лесен за приготвување и погоден за појадок, ручек или вечера, може да се сервира топла или ладна, мека или тврда, а одлично се комбинира со сирење, зеленчук, зачини како црн пипер, ким, босилек и слично. Има историја која датира од 1700 година кога ја стекнала својата популарност во Италија, каде што ја сметале за храна на селаните, бидејќи ја имало во изобилство и по ниска цена. Малата содржина на масти, прости шеќери и натриум, ја прават палентата добра основа за здрав оброк кој го обезбедува организамот со енергија.

Тајната за подготовка на совршена мека палента, погледнете ја на видеото објавено на овој линк каде може да ги проследите и инструкциите.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 најчитани содржини посветени на здравјето во 2018-та година.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: