Вашиот интерес за здравјето е наша причина за да истражуваме и пишуваме со надеж дека ќе помогнеме да имате подобар и поквалитетен живот. Во овој текст, ги издвоивме трите најчитани содржини посветени на здравјето, кои биле во топ интерес на најголем број луѓе и најчесто. Еве за кои станува збор!
Можеби ќе се изненадите, но семињата биле од голем интерес. Топ листата има 3 врвни кандидати, а еве како оди нивниот редослед!
Најчитана содржина на место бр. 1: Ленено семе – употреба и препорачани дози
Во последно време, лененото семе е многу популарно, a за тоа има голем број на причини. Лененото семе има силно антиканцерогено дејство, штити од срцеви заболувања, мозочен удар и тромбоза, го намалува нивото на холестерол и висок притисок. Препорачаните количини на ленено семе за здрави лица се 1 до 2 мали лажички на ден. Како се употребува лененото семе и кои се препорачаните дози при одредени здравствени проблеми ви откриваме во текстот кој целосно е објаснет на овој линк.
Најчитана содржина на место бр. 2: Семе од коприва како најдобар природен лек за крвта
Сигурни сме дека знаете за лековитите својства на листовите од коприва. Но, дали знаете за лековитите својства на моќното семе од коприва? Семето од коприва е најдобро лековито средство за прочистување на крвта, со чија редовна употреба значително расте бројот на црвените крвни зрнца. Покрај тоа, постојат и голем број причини да го користите во исхраната. Прочитајте ги сите детали од целосната содржина на овој линк.
Најчитана содржина на место бр. 3: Исхрана при гастритис предизвикан од Helicobacter Pylori
Helicobacter pylori (H. pylori) е бактерија која што е одговорна за повеќето улцери (чирови) и воспаленија на желудникот (хроничен гастритис). Бактеријата може да го ослаби заштитниот слој на желудникот, при што дигестивните сокови ја иритираат осетливата внатрешна површина на желудникот. Повеќето луѓе ја имаат бактеријата во желудникот, но не добиваат улцер или гастритис. Консумацијата на кафе и алкохол, пушењето го зголемуваат ризикот од улцер предизвикан од хеликобактер пилори, а дознајте во целосната содржина на овој линк, што е тоа што помага.
Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен природен лек против хеликобактер пилори.