Богато со растителни влакна, витамин Ц, калциум, здрави состојки, ова чоколадно смути со јагоди е идеално за слабеење! Пролетно и вкусно, е полн погодок за појадок или ужина!
Сигурно веќе сте слушнале за придобивките од лененото семе и неговата важност во правилната исхрана. Претставува здрава намирница, со голем број на полезности. Денес сѐ повеќе се зборува за него, а и се настојува да се применува што повеќе во подготовка на разни јадења. Од семето се прави ленено брашно кое и тоа како помага при слабеење.
Мали, а богати со многу витамини и минерали неопходни за здравјето! Семињата се задолжителен дел од здрвата исхрана, а нутриционистите често ги препорачуваат. Имаат долг рок на траење, а и се вклопуваат во многу рецепти. Ви препорачуваме 4 најздрави и најкорисни семиња кои треба да ги имате во вашиот дом.
Освен што е здраво за консумација, лененото масло како да е создадено за нега на кожата! Посебно се препорачува за сува и чувствителна кожа, кожа која е перутава или ѝ недостига свежина и сјај. А, она што посебно нè интересира сите нас е секако, свежото и мазно лице, па истражувавме и откривме како лесно да го постигнете тој ефект. Еве едноставен и природен начин за домашен третман со ленено масло за кожа без брчки!
Растителните влакна се многу важни и во исхраната треба да се внесуваат што е можно повеќе преку избор на здрави и разновидни намирници. Тие докажано го намалуваат количеството на гликоза во крвта, го штитат организмот од дијабетес и срцеви заболувања и го снижуваат лошиот холестерол. Но, нивната најголема важност е во тоа што тие се заслужни за правилната дигестија на цревата. Затоа, во продолжение погледнете ја листата на намирници со чија помош ќе можете да внесувате повеќе растителни влакна во организмот.
Лененото масло може да се користи на два начини за нега на косата, а ја зајакнува и ѝ дава сјај, па влијае одлично на нејзината структура. Неговото дејство се должи на високата количина на омега 3 алфа линоленската киселина. Притоа, важно е да имате во предвид дека омега 3 во поголеми количини ја има во ладно цеденото ленено масло. Бидејќи секогаш имаме масло од лен при рака, решивме да го искористиме за нега на косата. Така направивме домашен третман со ленено масло и мед кој помага при прувт и опаѓање на косата, видовме дека е корисен и го споделуваме со вас.
Направете крцкави сусам стапчиња со мелено ленено семе, повикајте го друштво, одберете го омилениот филмски наслов и препуштете се на уживањето! По желба вкусните и крцкави сусам стапчиња може да ги направите за бројните родендени во семејството, викендите, излетите и разните дружби! Одлични се за во разни прилики и се вклопуваат на сечија трпеза.
Од најмлади до највозрасни, сите кои ја пробаа нашата свежа летна салата со ленено масло се воодушевија комплетно! Сите тие уживаа во вкусот, а ние уживавме во нивните реакции и емоции на задоволство, па едвај чекаме да се собериме пак, за што поскоро одново да се радуваме и вкусно да се забавуваме!