Лененото семе е еден од најдобрите природни лекови против опстипација

Лененото семе е еден од најдобрите природни лекови против опстипација

Сигурно веќе сте слушнале дека лененото сме е едно од најдобрите природни лекови против опстипација и е исклучително здраво за консумација. Прочитајте го овој текст и дознајте како и за што се истото може да го користите.

За ова чудотворно семе од Медитеранот се верува дека е првата билка која луѓето почнале да ја одгледуваат. Покрај тоа што се користи во текстилната индустрија, ленот, поточно неговите семиња, имаат многу лековити особини. Богато е со витамините Б1, Б2, Ц, Е и провитамин А. Лененото семе се користи како додаток во житни оброци, смути, салати и печива и е одлично за сите оние кои се на диета, сакаат да се прочистат или пак едноставно сакаат здраво да се хранат.

природни лекови против остипација

Може да ве интересира: Ленено семе – употреба и препорачани дози.

Ленено семе за прочистување на организмот

Ова семе изобилува со масла и растителни влакна, па затоа е одличен лаксатив. Омега 3 масните киселини, кои се наоѓаат во лененото семе имаат антивоспалителни дејства. Многу клинички истражувања покажале дека ова семе може да се користи во лекувањето на високиот холестерол, срцевите заболувања и Шегреновиот синдром (хронично автоимуно заболување). За да се ослободите од опстипацијата, секое утро, на гладно изедете една лажица сурово ленено семе, притоа џвакајте го колку што можете повеќе. Ако ви е непријатен вкусот на семето можете да го попарите со млака вода и да го оставите да стои 6 часа, па да го изедете пред спиење. Вака подготвеното семе ќе стане слузасто, но тоа нека не ве загрижува бидејќи токму во слузот е цела негова лековита моќ. Слузот од лененото семе ја обложува слузокожата на желудникот и ја штити од воспаленија.

Лененото семе меѓу најдобрите природни лекови против опстипација

За подобрување на работата на дигестивниот систем и превенирање на запек, се препорачува да се консумираат 2 мали лажички ленено семе. Исто така може направите чај од ленено семе, кој што се припрема на следниот начин: 8 грама ленено семе се  прелева со 200 мл врела вода, се остава да стои 30 минути и се процедува. Вака припремениот чај се пие 3 пати во текот на денот.

Ви препорачуваме да прочитате: Ленено масло за добро здравје на срцето.

Сподели: