Ленено семе – употреба и препорачани дози

Во последно време, лененото семе е многу популарно, a за тоа има голем број на причини. Лененото семе има силно антиканцерогено дејство, штити од срцеви заболувања, мозочен удар и тромбоза, го намалува нивото на холестерол и висок притисок. Препорачаните количини на ленено семе за здрави лица се 1 до 2 мали лажички на ден. Како се употребува лененото семе и кои се препорачаните дози при одредени здравствени проблеми ви откриваме во текстот кој следува.

Благодарение на комбинацијата од витамини, минерали и други состојки кои што имаат поволно влијание врз организмот, лененото семе се користи во многу рецепти на традиционалната медицина и се препорачува да се вклучи во исхраната кај пациентите болни од рак.

Колкава количина на ленено семе ви е потребна?

Препорачаните количини на ленено семе се 1 до 2 мали лажички на ден. За подобра апсорпција на лененото семе сомелете го и додадете го во готовите јадења, салатите, домашните печива или колачите. Ако немате уред за мелење, добра опција е да набавите мелено ленено семе кое го произведува македонската иновативна компанија Фила. Истото може да го купите преку нивната онлајн продавница, во поголемите ланци на маркети или продавници за здрава храна.

Количината на ленено семе која се препорачува при одредени здравствени состојби е различна

Па, доколку имате некој здравствен проблем следете ги следните препораки:

За подобрување на варењето на храната и превенирање на запек

За подобрување на работата на дигестивниот систем и превенирање на запек, се препорачува да се консумираат 2 мали лажички ленено семе. Исто така може направите чај од ленено семе, кој што се припрема на следниот начин: 8 грама ленено семе се  прелева со 200 мл врела вода, се остава да стои 30 минути и се процедува. Вака припремениот чај се пие 3 пати во текот на денот.

ленено семе

За намалување на висок холестерол

За намалување на високиот холестерол се препорачува дневно да се консумира 40 до 50 грама на ленено семе. Може да направите леб, да го додадете во житарици или во некое друго јадење. Ви предлагаме неколку здрави рецепти приготвени со ленено семе:

За подобрување на работата на бубрезите

Лицата кои имаат проблеми со бубрезите се препорачува дневно да се консумираат 15 грама мелено ленено семе, два пати дневно, во комбинација со житарици, сок од домати или сок од портокал.

При менопауза и остеопороза

За надминување на симптомите при менопауза се препорачува да се консумираат 40 грама ленено семе на ден, додадено во пекарски производи. Исто така може да направите и чај: 30-40 грама ленено семе варете го 15 минути во 350 мл вода и процедете го. Вака припремениот чај се пие 4 до 5 пати во текот на денот. Еве неколку рецепти кои можеби ќе ви бидат од корист:

Дијабетес

За подобрување на работата на панкреасот и намалување на нивото на шеќер во крвта, се препорачува да се консумира 40 до 50 грама ленено семе на ден. Може да се направи чај на следниот начин: во 350 мл зовриена ладна вода додадете 40-50 грама ленено семе. Вака припремениот чај, покријте го и оставете го да стои 3 часа. Промешајте го пред употреба.

При купување секогаш водете сметка и за пакувањето. Од Фила, може да изберете ленено семе во добро заштитено и многу практично пакување кое е единствено на нашиот пазар. Истото може да се купи преку нивната онлајн продавница, во поголемите супермаркети или продавници за здрава храна. Освен ленено семе, може во исхраната да вклучите и ленено масло. Повеќе за придобивките на лененото масло за добро здравје на срцето, прочитајте тука.

Направете го вистинскиот избор – изберете го најдоброто што природата ни дава!

Совет плус: При консумирање на ленено семе треба да пиете доволни количини на вода.

Ви предлагаме да прочитате: Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

Сподели: