Како последица на современиот начин на живот, сѐ поголем број од светското население се соочува со така наречените болести на модерното време. Таквите болести се појавуваат најмногу како резултат на неправилна исхрана, недоволна физичка активност, недостаток на квалитетен сон, стрес… Тоа најчесто води до зголемување на килограмите, зголемен ризик од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања. На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска која ни откри зошто се препорачува консумација на храната на иднината – Hawaiian Spirulina против вишок килограми и дијабетес.
