7 намирници кои го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2 1

7 намирници кои го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2

Додека дијабетес тип 1 се појавува претежно во детството и за него лекарите не знаат како да го спречат, дијабетесот тип 2 се смета за болест на денешницата, која дирекно e поврзана со неправилната исхрана и нездравиот начин на живот. Од дијабетес тип 2 страдаат околу 90% од дијабетичарите. Порано се сметаше дека ги напаѓа само возрасните, но денес се знае дека од оваа подмолна болест може да заболат и децата. Сепак, експертите тврдат дека може да се намали ризикот од дијабетес тип 2, па продолжете да читате и видете што ви предлагаме.

Има неколку намирници кои можат да помогнат во регулацијата на нивото на шеќерот во крвта и да го намалат развојот на дијабетесот тип 2.

7 намирници кои го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2 2

Јаболко

Иако некои го избегнуваат овошјето затоа што содржи шеќер, тоа може да биде мошне корисно за дијабетичарите, бидејќи содржи многу витамини и нутриенти кои делуваат антидијабетски. Јаболката се препорачуваат поради високата содржина на растителни погменти , а особено пигментот кварцетин. Тој му помага на панкрасот поефикасно да лачи инсулин и ја спречува неговата резинстенцијата. Резинстенцијата на инсулин е една од главните карактеристики на дијабетесот тип 2. Освен тоа јаболката се богати со антиоксиданси и растителни влакна кои на природен начин го успоруваат варењето на шеќерот.

Семки од тиква

Богати се со посебни растителни влакна познати како лигнани, како и со магнезиум. Овие две состојки му помагаат на организмот ефикасно да го користи инсулинот. Содржи исто така и протеини глобулини кои помагаат во намалувањето на шеќерот во крвта. Овие семки се одличен извор на протеини и на растителни влакна така што поспоро се варат и даваат чувство на ситост, што допринесува во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта. Како задоволни корисници, можеме да ви ги препорачаме семките од тиква од Фила.  Нив можете да ги купите тука од нивната онлајн продавница, да ги побарате во поголемите маркети или продавниците за здрава храна. Квалитетот е одличен.

Јогурт и кефир

Едно истражување спровдено на Хрватскиот факултет за јавно здравје во 2014 година покажало дека една чаша јогурт на ден може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 за 18%. Иако не е во потполност јасно на кој начин јогуртот има такво дејство, едно е сигурно, дека јогуртот кој е богат со протеини подолго време држи ситост и со тоа ги спречува наглите скокови на шеќерот. Доколку сакате да имате додатни бенефити по здравјето, консумирајте кефир кој избилува со пробиотици.

Зелен лиснат зеленчук (кељ, блитва, спанаќ)

Ваквиот зеленчук е нискокалоричен, богат со растителни влакна и антиоксиданти кои имаат антивоспалително дејство и го балансира нивото на шеќерот во крвта. Една анализа од 2010 година објавена во списанието British Medical Journal потврдила дека лицата кои секојдневно консумираат по една шолја зелен лиснат зеленчук имаат намален ризик за појава на дијабетес тип 2 за 14%.

Мешунки

Некои истражувања покажаа дека лицата кои консумираат вегетаријанска или веганска храна имаат помал ризик да заболат од дијабет тип 2, во однос на оние кои јадат месо. Основен извор на протеини за вегетаријанците и веганите се мешунките. Тие се нискокалорични, содржат малку масти, имаат низок гликемиски индекс, изобилуваат со растителни влакна, така што долго се метаболизираат, па шеќерот во крвта не расте брзо.

Чиа семе и ладно цедено масло од чиа

Ова семе е богато со протеини и растителни влакна, како и со омега 3 масни киселини кои се здрави за кардиоваскуларниот систем. Затоа, чиата е добар додаток во исхраната на лица кои имаат проблем со нивото на шеќерот во крвта, бидејќи овој проблем најчесто е поврзан со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Дознајте зошто се вели дека чиа семето е за здравје во иднина.

Ладно цеденото маслото од чиа е со бледо до средно жолта боја, со вкус од јаткасти плодови и извонреден мирис. Тоа е богат извор на Омега-3 и Омега-6 масни киселини, полинезаситени масни киселини и фитостероли и нуди многу здравствени придобивки. Се користи во многу специјални начини на исхрана и диети, а заради својата крем текстура се користи и во многу кулинарски рецепти. Брендот Фила негувајќи го своето мото за здрав начин на исхрана го произведе токму ова ладно цедено масло од чиа. Го има во сите поголеми маркети, продавници за здрава храна, а може да го купите и од нивната интернет продавница.

Интегрални житарки

Едно истражување објавено во списанието Journal of Nutrition издадено во 2012 година докажало дека лицата кои консумираат 3 до 5 порции интегрални житарици во текот на денот имаат 26% помал ризик да заболат од дијабетес тип 2. Особено се препорачува интегралниот ориз, кој има релативно низок гликемиски индекс и помага во регулацијата на нивото на шеќерот во крвта.

Ви препорачуваме да прочитате:  Што е предијабетес и како да го спречите?

Сподели: