Д-р Нела Деспотовска советува: Што е дијабетичната невропатија, може ли да се спречи?

Една од најчестите болести предизвикани од современиот начин на живот е дијабетесот. Причините за за нејзината појава се различни: од наследни фактори, до нездравата исхрана и акумулиран стрес. Што е најжално, оваа состојба, влијае и е се почеста и кај младата популација., па затоа посветуваме посебно внимание за кревање на свесноста, со акцент на превенција пред лекување. Луѓето кои страдаат од дијабетес треба да бидат посебно внимателни за целокупното здравје, бидејќи имаат зголемен ризик од голем број компликации. Високиот шеќер во крвта (гликозата) може да ги повреди нервите низ телото, а најчесто ги оштетува нервите на нозете и стапалата. На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска која ни објаснува што е дијабетична невропатија, како да ја препознаеме  и што може да се направи за да се спречи.

Дијабетична невропатија е болест на периферните нерви кои се одговорни за мускулите, кожата и внатрешните органи. Првиот, а воедно и најчестиот симптом на оштетување на нервите е намалено чувство или пецкање во прстите или стапалата. Некои пациенти чувствуваат болка, а некои не чувствуваат никаква иритација или промена на температурата.

Д-р Нела Деспотовска советува: Што е дијабетичната невропатија, може ли да се спречи?

Кои се симптомите на дијабетична невропатија?

Постојат четири главни типови на дијабетична невропатија.  Притоа, може да имате еден или повеќе од еден типови на невропатија, па симптомите ќе се манифестираат зависно од тоа кои нерви се засегнати:

1. Периферна невропатија

Овој тип е најчестиот тип на дијабетична невропатија, a симптомите најчесто вклучуваат:

  • Вкочанетост или намалена способност за чувствување болка или температурни промени
  • Чувство на пецкање или печење
  • Остри болки или грчеви
  • Зголемена чувствителност на допир – за некои луѓе, дури и тежината на постелнината може да биде болна
  • Сериозни проблеми со стапалата, како што се чиреви, инфекции и болки во коските и зглобовите.

2. Автономна невропатија

Автономниот нервен систем го контролира срцето, мочниот меур, желудникот, цревата, половите органи и очите. Најчести симптоми се:

  • Проблеми со мочниот меур или дебелото црево
  • Бавно празнење на желудникот предизвикувајќи гадење, повраќање и губење на апетит
  • Промени во начинот на кој вашите очи се прилагодуваат од светло во темно
  • Намален сексуален нагон.

3. Проксимална невропатија

Овој тип на невропатија често влијае на нервите во бутовите, колковите или нозете. Може да влијае и на абдоминалната и градната област. Најчести симптоми се:

  • Тешка болка во колкот и бутот или задникот
  • Евентуални слаби и намалени мускули на бутот
  • Тешкотии со подигање од седечка положба
  • Тешка болка во стомакот.

4. Мононевропатија

Мононевропатијата се однесува на оштетување на одреден нерв, а исто така може да доведе и до:

  • Тешкотии со фокусирање или двојно гледање
  • Болка зад едното око
  • Парализа на едната страна од лицето
  • Вкочанетост или трнење во раката или прстите
  • Слабост на раката што може да ве натера да ги испуштите работите.

Дијабетичната невропатија е сериозна компликација која може да влијае на дури 50% од луѓето со дијабетес и да резултира со ампутација. Затоа, од клучно значење е навремено препознавање на симптомите и консултација со лекар. Потребно е постојано контролирање на шеќерот во крвта и правилно комбинирање на храната. А од нашиот разговор со Д-р Нела и нејзините совети, ви препорачуваме употреба на додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат да ја спречите и да го намалите напредокот на невропатијата:

  • N-Acetyl Cysteine (NAC). Како моќен антиоксиданс, NAC има големи придобивки за здравјето на луѓето: ја подобрува имунолошката функција кај многу болести, спречува оксидативно оштетување на срцето, го намалува ризикот од срцеви заболувања и го стабилизира шеќерот во крвта со намалување на воспалението во масните клетки.
дијабетична невропатија
  • Hawaiian Spirulina. Спирулината е извор на Омега 3 масни киселини и гама линоленска киселина и поради нејзиниот нутритивен состав, се смета дека има улога во контролата на дијабетесот. Погодна е за дијабетичари затоа што го намалува нивото на гликоза, а го зголемува нивото на инсулин (хормон важен за регулирање на шеќерот во крвта). Поради нејзиниот антиоксидативен ефект, се препорачува на лица кои страдаат од дијабетес тип 1 или 2.
  • Beta-1,3/1,6-D-Glucan. Бета глуканот е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. Најчесто се користи против висок холестерол, дијабетес, автоимуни заболувања, вирусни, бактериски, паразитски и габични инфекции и карциноми.
  • Pantothenic Acid од NOW. Pantothenic Acid од NOW се препорачува затоа што: помага во решавање на проблемот со акни, помага при дијабетични чиреви на стапалата, го регулира холестеролот и помага за намалување на телесната маса.
  • Vitamin B-1. Тиаминот е вклучен во бројни функции на телото, вклучувајќи ги нервниот систем и функционирањето на мускулите, проток на електролити во и надвор од нервните и мускулните клетки, метаболизам на јаглени хидрати и производство на хлороводородна киселина, неопходна за правилно варење.

Повеќе за гореспоменатите производи прочитајте на онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Hawaiian Spirulina против вишок килограми и дијабетес.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: