ловоров лист 1

Ловоров лист против кандида, дијабетес, настинки

Го употребуваме како зачин во многу рецепти затоа што има карактеристичен мирис и на јадењата им дава посебен вкус. Незаменливиот ловоров лист има и голем број на здравствени придобивки. Затоа, ставајте го во омилените супи, сосови или варива што почесто.

Во минатото од ловорови листови се правеле венци со кои се кителе грчките атлетичари. Ловорот претставувал симбол на чест, победа и слава. Во дворот имате ловоров лист? – Дознајте ги неговите исклучителни придобивки.

ловоров лист 2

Помага против кандида, салмонела и ешерихија коли

Ловоровиот лист има силни антибактериски својства. Поради овие својства, помага во борбата против патогените микроорганизми. Една студија спроведена на Универзитетот во Северна Каролина покажала дека етеричните масла присутни во листот од ловор може да бидат корисни против салмонела и ехеришија коли. Исто така, ловоровиот лист го спречува растот и развојот на габи и габични инфекции, па така е ефикасен против кандида, што е потврдено и со истражувања.

За превенција од дијабетес тип 2

Ловоровиот лист го намалува нивото на шеќер во крвта, па се препорачува на лица кои страдаат, како и на оние кои имаат предиспозиции да развијат дијабетес. Тоа го покажува едно истражување објавено во Journal of Clinical Biochemistry and Nutrition. Во истражувањето биле вклучени 40 лица. Сите тие лица секојдневно консумирале ловоров лист. Кај нив било забележано значително намалување на ризикот од развој на дијабетес, како и ставање под контрола на болеста.

Ги ублажува дигестивните проблеми

Делува како диуретик, така што го поттикнува ослободувањето на вишокот течности од организмот. На тој начин го чисти дигестивниот систем од токсини. Листот од ловор содржи и ензими кои намалуваат гасови и надуеност и го подобруваат варењето на храната. Се покажал ефикасен и за лица со целикација и лица кои страдаат од синдром на иритабилни црева.

Може да ве интересира: Ловор за добро здравје на стомакот и кожа без акни.

Делува смирувачки и помага при инфекции на респираторниот систем

Самиот мирис на ловоров лист во јадењата или како чај дава чувство на смиреност и ја намалува нервозата. Помага и при синуситис и други респираторни проблеми како кашлица, астма и бронхитис. Едноставно ставете го во вода и зовријте ја, а потоа инхалирајте. За ублажување на кашлицата, направете си домашен сируп од ловоров лист, а рецептот е на овој линк.

Ви препорачуваме да прочитате: Чај и сируп од ловоров лист против кашлица и болки во грлото.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

 

Сподели: