Ресвератрол - моќна состојка со која изобилуваат грозјето и виното 1

Ресвератрол – моќна состојка со која изобилуваат грозјето и виното

Ако сте страсни уживатели во слаткиот вкус и сочноста на грозјето, еве неколку позитивни информации  кои ќе ве израдуваат! Грозјето поседува лековити својства кои позитивно влијаат на здравјето. Една од состојките со кои изобилува е наречена ресвератрол. Дознајте за што сѐ е здрав и корисен!

Ресвератролот помага против канцер, Алцхајмерова болест, го заштитува срцето и мозокот и многу повеќе. Голем број од лековитите својства на грозјето и виното, а посебно црвеното се должат на него.

Ресвератрол - моќна состојка со која изобилуваат грозјето и виното 2

Го поттикнува процесот на слабеење

Едно истражување спроведено на универзитетот во Џорџија докажало дека ресвератролот поволно влијае на процесот на слабеење и тоа на два начини. Значително ја намалува можноста на клетките да складираат масти и го поттикнува процесот на разградување на клеточните масти.

Го заштитува здравјето на срцето

Ресвератролот има способност да ја зголеми флексибилноста на крвните садови, со што се олеснува циркулацијата. Исто така, грозјето може да го намали крвниот притисок, а подобрата циркулација на крвта овозможува полесен транспорт на кислородот и хранливите материи до сите делови на телото. Некои научни студии покажале дека со 10 мг суплемент ресвератрол на ден може драстично да се намали ризикот од срцев удар.

Го чува здравјето на мозокот

Студијата која ја спровеле научниците во Швајцарија покажала дека ресвератролот има позитивно влијание на здравјето на мозокот. Истражувањата покажаа дека оваа хемиска состојка има способност да ги неутрализира слободните радикали во мозокот, со што се намалува ризикот за настанување на Алцхајмерова болест.

Ја подобрува способноста за помнење

Во една студија спроведена во Британија се покажало дека ресвератролот може да ја зголеми циркулацијата на крвта до мозокот и до 200 проценти. Научниците веруваат дека оваа супстанција може да го подобри менталните способности и помнењето.

Ја заштитува кожата од канцер

Многу истражувања покажаа позитивно влијание на ресвератролот во борбата против ракот. Исто така, оваа состојка со која изобилува грозјето ја заштитува кожата од негативните влијанија на сончевите зраци.

Го заштитува телото од радијација

Оваа моќна состојка има и заштитна улога во случаевите на терапија со зрачење.

Го активира генот на долговечноста

Едно истражување покажало дека состојките во грозјето може да го активираат генот кој е заслужен за долговечноста.

Помага против дијабетес

Моќниот ресвератрол може да го намали нивото на шеќер во крвта и за 10 проценти, покажало едно истражување спроведено на Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн.

Ги намалува воспалителните процеси

Состојките кои се содржат во грозјето имаат антивоспалителни својства, па како резултат на тоа грозјето е одличен пријател на вашето срце.

Го помага процесот на опоравување на мускулите

Ресвератролот им помага на клетките да се ослободат од киеслините и другите токсини, со што се намалува напнатоста и болката во мускулите.

Ви препорачуваме да прочитате: Грозје – чувар на здравјето ширум светот

Сподели: