Грозје - чувар на здравјето ширум светот 1

Грозје – чувар на здравјето ширум светот

Малите слатки зрна кои крцкаат во устата и даваат голема свежина и слаткост се омилени на многумина! И, иако летото ни носи разно разни овошја и зеленчуци, голем е бројот на оние кои се радуваат на вкусното грозје. Тоа е чувар на здравјето ширум светот!

Освен што е исклучително вкусно, грозјето поседува и неверојатни нутритивни вредности. Листата на позитивни карактеристики и придобивки, постојано му расте.

Грозје - чувар на здравјето ширум светот 2

Грозјето е одлично за крвниот притисок и имунитетот –  богато е со витамини и минерали

Иако постојат различни сорти на грозје, кое и да го одберете, ќе ве освежи и на телото ќе му подари многу витамини и минерали. Такви се витамините А, Б6, останати витамини од Б групата и фолната киселина. Интересно е што, во 100 грама грозје се содржи 25% од препорачаната дневна доза на витамин Ц.

Грозјето содржи и манган и калиум, па неговата консумација помага за снижување на крвниот притисок, го зајакнува имунитетот и помага против депресија. Бројни студии покажале дека кога црвеното вино се консумира во умерени количини е корисно. Притоа, го зголемува нивото на добриот (HDL) холестерол и го намалува нивото на лошиот (LDL) холестерол во крвта. А, важно е да се спомене дека семките во грозјето се најбогати со антиоксиданси од целото зрно.

Може да ве интересира: Здравото семе од грозје е најјак антиоксиданс и чувар на срцето.

Ја подобрува работата на срцето

Грозјето е чувар на здравјето, а најголема корист од антивоспалителните и антиоксидативните  својства кои ги поседува, има кардиоваскуларниот систем. Полифенолите во неговиот состав помагаат за намалување на штетните наслаги на крвните садови и ја подобруваат работата на срцето.

Грозјето има низок гликемиски индекс

Иако е слатка храна, грозјето има една добра карактеристика, а тоа е нискиот гликемиски индекс. Неодамнешни истражувања покажале дека грозјето може да има и позитивен ефект во регулирањето на шеќерот во крвта.

Калориски вредности

Грозјето содржи само 69 калории во 100 грама. Од нив 0.72 грама се протеини, 0.16 грама се масти, 18.10 грама се јаглени хидрати, а 0.9 грама се растителни влакна и 15.48 грама се овошен шеќер.

Ви препорачуваме да прочитате: Грозје – овошје за долг и здрав живот.

Сподели: