Здравото семе од грозје е најјак антиоксиданс и чувар на срцето 1

Здравото семе од грозје е најјак антиоксиданс и чувар на срцето

При користењето на грозјето во исхраната, важно е да знаеме дека здравото семе од грозјето не треба да се фрла, туку треба да се јаде и да се користат придобивките од него кои ги чуваат виталните органи и го штитат нашето целокупно здравје.

Грозјето и црвеното вино се сметаат за одговорни за познатиот „француски парадокс“ кој укажува на мал процент на инфаркти во Франција и покрај високиот внес на заситени масти преку исхраната (свинско и говедско месо). За разлика од нив, Германците кои претежно консумираат пиво, а се хранат на сличен начин, не се заштитени од непосакувани срцеви компликации. Ова се објаснува со редовната консумација на црвено вино кое е богато со полифеноли, флавоноиди, проантоцијани, а доколку сакате да знаете повеќе детали за неговата корист кликнете тука.

Здравото семе од грозје е најјак антиоксиданс и чувар на срцето 2

Како помага семето од грозје?

Семето од грозје содржи материи кои ги штитат крвните садови од оштетување, ги зајакнуваат капиларите, спречуваат оксидација на мастите и инфаркт на срцевиот мускул. Исто така, помагаат за стабилизирање на венските крвни садови и го намалуваат ризикот од проширени вени. Здравото семе од грозјето ги намалува артериските плакови – наталожените масти по ѕидовите на крвните садови и придонесува за „отпушување“ на крвните садови. Го намалува ризикот од оштетување на очните структури, како и можноста за развој на макуларна дегенерација и катаракта. Режимите на исхрана со грозје се препорачуваат и користат за детоксикација (прочистување) на целиот организам.

Здравото семе од грозје е природен лек со широк спектар

  • Како силен антиоксиданс, за спречување на оштетувања на клетките поради дејството на слободните радикали, зрачење и хемикалии.
  • Спречува атеросклероза или таложење на масти во внатрешноста на крвните садови, што го отежнува протокот на крв (прочитајте тука кои 5 намирници помагаат против атеросклероза )
  • Спречува оксидација на мастите, посебно на LDL – лошиот холестерол
  • Намалува можност за настанување на инфаркт (прочитајте тука која исхрана помага за спречување на срцев удар)
  • Ги стабилизира ослабените крвни садови при проширени вени, намалува отоци и воспаленија
  • Го штити здравјето на очите и го подобрува ноќниот вид
  • Помага за контрола на дијабетес и спречува компликации
  • Го одржува нормално нивото на крвниот притисок
  • Ја подобрува флексибилноста на зглобовите, артериите и ткивата
  • Овозможува подобра цврстина на коските и го штити колагенот и еластинот на кожата, со што се забавува стареењето
  • Подобрува когнитивна функција на мозокот и го штити од оксидативен стрес
  • Помага во одржувањето на оралната хигиена
  • Олеснува потешкотии при хемороиди.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 намирници за здраво срце и крвни садови.

Сподели: