Во летните месеци, кога сонцето е најинтензивно и нашиот организам создава повеќе витамин Д, време е да позборуваме за важноста на витаминот К2. Тој го регулира правилното распоредување на калциумот во телото, го спречува таложењето во крвните садови и ги штити коските и кожата.
Зошто токму во лето ни е потребен овој витамин? – На оваа тема поразговаравме со д-р Нела Деспотовска.

Витамин Д и К2 – силен летен тандем
Сигурно знаете дека витаминот Д се создава преку сонцето. А во лето многу се изложуваме на сонце, со што се зголемува нивото на витамин Д во телото.
Витаминот Д ја зголемува апсорпцијата на калциумот, но калциумот мора правилно да се распореди – токму тука се јавува важноста на витаминот К2.
К2 го „води“ калциумот кон вистинските места – кон коските, и истовремено го спречува таложењето во артериите и кожата.
Го поддржува здравјето на коските во лето
Витаминот К2 помага за зацврстување на коските и спречување на остеопороза. Тоа е особено важно во летните месеци кога сме поактивни и изложени на ризик од повреди.
Додатокот на К2 ја подобрува јачината на коските и помага калциумот да се депонира на правилни места – како коските, наместо во артериите.
Ова е особено важно за лица кои се под ризик од остеопороза и како дел од терапијата земаат додатоци со калциум и витамин Д.
Го подобрува кардиоваскуларното здравје
Витаминот К2 помага да се спречи таложење на калциум во артериите, што го намалува ризикот од срцеви заболувања и ја подобрува циркулацијата.
Ја штити и хидрира кожата
Во летниот период, кожата е изложена на штетни влијанија од сонцето, хлорирана или солена вода, што може да предизвика сувост и воспаленија.
Витаминот К2 го намалува воспалението и го помага заздравувањето и хидратацијата на кожата.
Ја зголемува енергијата и ја поддржува митохондријалната функција
К2 ја засилува функцијата на митохондриите – енергетските центри на клетките, што е корисно во летниот период кога сме поактивни и ни е потребна повеќе енергија.
Храна богата со витамин К2:
Витаминот К2 се наоѓа во дел од намирниците како:
- Полномасни млечни производи (тврдите и старите сирења, путер)
- Кисела зелка – особено ако е домашно ферментирана
- Јајца (посебно жолчката)
- Месо од животни кои пасат на трева (органско, природно одгледано).
Која форма на К2 е најдобра?
Витаминот К2 се препорачува да се зема во комбинација со витамин Д, за да се овозможи оптимална поддршка на здравјето на коските и крвните садови.
Важно е да се избере витамин К2 во форма на MK-7, која има подобра апсорпција и подолготрајно дејство. Препорачуваме MK-7 Vitamin K-2. MenaQ7® MK-7 е уникатна без соја, биодостапна форма на витамин К-2 која игра клучна улога во артериското здравје преку нејзината способност за поддршка на соодветен метаболизам на калциум во крвните садови и артериите.

Овој додаток може да се набави:
- Онлајн, преку vitamini.mk со бесплатна достава до дома.
- Во поголемите аптеки низ земјата.
Кој не треба да зема витамин К?
Ако сте бремени или доите, избегнувајте високи дози на витамин К (повеќе од 65 mcg). Ако сте преживеале срцев удар, мозочен удар или сте склони кон крвни згрутчувања, пред да почнете да земате витамин К консултирајте се со доктор.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува – Витамин К за превенција на Алцхајмерова болест.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.
