Здравје во лето

Што никој не ви кажува за здравјето во лето? Совети од д-р Нела Деспотовска 

Лето е период кога повеќето луѓе се чувствуваат поенергично, поминуваат повеќе време на отворено и уживаат во сонцето. Но, според д-р Нела Деспотовска, токму во овој период организмот е изложен на низа предизвици кои можат да влијаат врз имунитетот, енергијата и целокупното здравје.

витамин К-2

Зошто е важен витаминот К2 во лето? – совети од Д-р Нела Деспотовска

Во летните месеци, кога сонцето е најинтензивно и нашиот организам создава повеќе витамин Д, време е да позборуваме за важноста на витаминот К2. Тој го регулира правилното распоредување на калциумот во телото, го спречува таложењето во крвните садови и ги штити коските и кожата.

Дехидратација

Дехидратација на +30°C: Препознај ја и справи се – летен водич од д-р Нела Деспотовска

Имаш намалена концентрација во лето? Сува уста и чувство на замор? – Овие симптоми се само мал дел што укажуваат на дехидратација. Како да ја препознаеме? Колку вода ни треба во топлите летни денови? – На оваа тема поразговаравме со д-р Нела Деспотовска. 

Топлотен удар

Лето без ризици: Заштита од топлотен удар со д-р Нела Деспотовска

Во летните месеци, кога температурите надминуваат 35°C, телото е изложено на зголемен ризик од прегревање и топлотен удар – состојби кои можат сериозно да го загрозат здравјето. Брз пулс, вртоглавица, црвено лице и забрзано дишење се само дел од предупредувачките симптоми.

Уринарна инфекција

Зошто уринарните инфекции се почести во лето? – Препораки за превенција од д-р Нела Деспотовска

Уринарните инфекции се јавуваат во текот на целата година, но статистиката и клиничкото искуство потврдуваат дека тие се значително почести во летните месеци. Кои се причините и како да ги превенираме? Како да имаме безгрижен летен одмор? – На оваа тема разговаравме со д-р Нела Деспотовска.

7 летни совети за дигестивно здравје од д-р Нела Деспотовска

7 летни совети за дигестивно здравје од д-р Нела Деспотовска

Летото носи многу убави моменти, но и предизвици за дигестивниот систем. Повисоките температури, патувањата, новите намирници и промената на навиките често може да предизвикаат надуеност, рефлукс (киселини), остипација или дигестивен дискомфорт. За добро дигестивно здравје и безгрижно лето, д-р Нела Деспотовска споделува 7 едноставни совети кои секој може лесно да ги примени.

Стомачен вирус

Како да се справите со стомачен вирус во лето и на почеток на училишната година? – Совети од Д-р Нела Деспотовска

Една од причините која го нарушува здравјето во лето и при почеток на школската година е стомачниот вирус. Како што температурите растат, веројатноста за појава на стомачен вирус се зголемува. На оваа важна тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска и се консултиравме која храна се препорачува и како да си помогнеме при стомачен вирус.

сапуни мала слика

Дознај кој природен сапун е идеален за твојата кожа во лето!

Дали имаш забележано промени на кожата во лето? Прекумерната топлина и влажност ѝ штетат на кожата, а со тоа негата мора да биде на прво место. Црвенила, чешање, изгореници од сонцето, акни и нерамномерен тен се дел од најчестите промени кои се јавуваат на кожата во лето. А како да твојата кожа да блеска и да сјаје? Продолжи со читање и дознај кој природен сапун најмногу одговара на твојот тип на кожа. 

10 намирници кои помагаат за здраво сончање 1

10 намирници кои помагаат за здраво сончање

Здраво сончање! Што подразбира тоа? Колку сончање ни е потребно и доволно? Кои намирници помагаат во остварување на таа цел? – Многумина од нас сакаат да постигнат убав летен тен, но попатно, борбата да се зачува здравјето на кожата е тука. Во овој текст, ќе ви ги откриеме одговорите на претходните прашања и ќе ви споделиме корисни информации како до посакуваниот тен со внимавање на сопственото здравје и на кожата.

суплементи за патување

Д-р Нела Деспотовска советува: 5 најважни суплементи за патување и одмор

Лето, одмори, патувања… сезоната само што започна! Секој би посакал безгрижен одмор, а затоа ние сме тука да ви помогнеме за да ја исполните вашата агенда. Ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска кои се најважните суплементи за патување и одмор. Што треба да ставите во куферот, пред да заминете? 

заштита на кожа 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Правилна заштита на кожата во летниот период

Сите сакаме лето, нели? – Лесна облека, свежа храна, позитивно расположение и темен тен. Колку и да е здраво сонцето, прекумерното изложување на сончевото зрачење може да има и несакани последици врз кожата. За да спречиме одредени здравствени проблеми, треба да знаеме како да ја третираме и заштитиме кожата. На таа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска која ни објасни што треба да преземеме за заштита на кожата, а истовремено и да ги искористиме придобивките од сонцето.

кое годишно време е најдобро за детоксикација?

Кое годишно време е најдобро за детоксикација на организмот?

Сте се запрашале ли некогаш кое годишно време е најдобро за детоксикација на организмот? Го знаете ли одговорот на ова прашање? – Доколку одоговоривте со „НЕ“, тогаш овој текст ќе ви ги даде одговорите. Иако секој период е добар за да се направи детоксикација на организмот, сепак некои годишни времиња едноставно не одговараат за овој процес да се спроведе во целост како што треба.

Зошто се јавува летно депресивно расположение 1

Зошто се јавува летно депресивно расположение и како да си помогнете?

Летото обично е придружено со безгрижни денови, сонце, патувања, плажа, коктели, дружење со најмилите и накратко речено неизбежна забава, но кај некои се јавува и летно депресивно расположение. Тоа уште се нарекува и „летна депресија“. Тука имаат влијание рекламните кампањи и социјалните мрежи се поврзани само со чувство на безгрижност и релаксација. Па, тука се и пријателите кои секогаш нè прашуваат какви ни се плановите за летото и споделуваат фотографии од нивните незаборавни денови.

Д-р Нела Деспотовска советува: Ушните инфекции се чести во лето, особено кај децата

Ушните инфекции почесто се јавуваат во лето, а причините за тоа се временските услови, вклучувајќи ја влажноста на воздухот и топлината, како и посетата на базени, езера и мориња. Генерално, непријатните ушни инфекции се втората најчеста причина за посета на педијатар. На оваа тема поразговаравме до Д-р Нела Деспотовска која ни даде подетално објаснување за причините, третманот и превенцијата на ушните инфекции.   

Летен водич за хидрирана и сјајна кожа во лето

Сакате да заблескате оваа сезона и да имате хидирана и сјајна кожа на лицето и телото? Летото е идеално за дружења и одмори, а секако и по некоја фотографија за спомен од убавите моменти. Но, не сте задоволни од изгледот на кожата? Не користете програми за прикривање на недостатоците на фотографиите. Истакнете ја вашата убавина со природни состојки и следете ги нашите совети за хидрирана и сјајна кожа во лето.