заштита на кожа 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Правилна заштита на кожата во летниот период

Сите сакаме лето, нели? – Лесна облека, свежа храна, позитивно расположение и темен тен. Колку и да е здраво сонцето, прекумерното изложување на сончевото зрачење може да има и несакани последици врз кожата. За да спречиме одредени здравствени проблеми, треба да знаеме како да ја третираме и заштитиме кожата. На таа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска која ни објасни што треба да преземеме за заштита на кожата, а истовремено и да ги искористиме придобивките од сонцето.

Иако кремовите за заштита од сонце може да се купат на секој чекор и се достапни секому, статистиките за рак на кожата поврзан со предолгото изложување на сончевите зраци укажуваат на тоа дека сепак не се штитиме колку што треба. Советите се дека покрај редовното нанесување на крем со заштитен фактор, важно е и да не се излегува на сонце во периодот од 11 до 16 часот без потреба, да се пие многу вода, да се носи лесна и светла гардероба, наочари и капа или шешир. И покрај сите предупредувања, бројката на заболени од меланом е во константен пораст.

заштита на кожа 2

Сончањето има бројни придобивки за здравјето – но мора да биде умерено

Умереното изложување на сонце е корисно и помага за создавање на витаминот Д кој е неопходен за апсорпцијата на калциум и фосфор – два важни минерали кои се од клучно значење за функционирањето на мускулите, јакнење на коските и спречување на остеопороза. Го зајакнува имунитетот, спречува кардиоваскуларни болести и има благопријатно влијание кај кожните заболувања. Ултравиолетовите зраци го ослободуваат хормонот на среќата (ендорфин) кој влијае на расположението, делува против депресија, а топлината создава чувство на пријатност. Со прошетките на сонце се стимулира производството на мелатонин – хормон кој го регулира сонот, расположението и има позитивно влијание на имунитетот. Но, сé треба да биде умерено и да се почитуваат препораките за правилно сончање.

Заштитниот фактор на средството за сончање не смее да биде понизок од 30

За да ја заштитите кожата се препорачува да користите средство за сончање со најмалку 30 заштитен фактор. При набавката добро прочитајте ја етикетата и изберете крем кој штити од UVA и UVB зраци. UVB зраците предизвикуваат изгореници, а UVA зраците се поврзуваат со развојот на меланоми на кожата. Не заборавајте, ако подолго време сте изложени на сонце, нанесувајте подебел слој од кремот на секои 2 часа. Сепак, доколку немате реална потреба да излегувате надвор, не се изложувајте на директните сончеви зраци, или барем потрудете се да се движите под сенка.

Антиоксидансите ја штитат кожата 

Кремовите за сончање се најдобра заштита, а нивното дејство ќе биде уште поголемо ако во секојдневната грижа за кожата ги употребувате и антиоксидансите. Користете серуми или кремови за кожата кои содржат витамин Ц. Исто така, важна е и исхраната. Консумирајте повеќе намирници богати со антиоксиданси како што се:

  • домати
  • моркови
  • боровинки
  • зелен чај
  • пиперки

Може да ве интересира: Корисни намирници при подолга изложеност на сонце.

BioAstin е најмоќниот антиоксиданс кој ја штити кожата од штетните УВ зраци

Штом сме на темата антиоксиданси, има нешто што вреди да споменеме. Природниот астаксантин – BioAstin е додаток во исхраната, кој помага на кожата да биде здрава за време на продолжена изложеност на сонце! Астаксантинот (BioAstinot) претставува храна, а многумина го користат како составен дел на здравата исхрана. Тој е патентиран за орална и локална заштита од сонце. Особено е ефикасен во заштитата од УВ зраци при сончање и спречува оштетување на ДНА. Служи како внатрешен додаток за убавина кој ви дава убав, здрав сјај и ја прави кожата да изгледа помлада и поубава. УВ зраците предизвикуваат предвремено стареење на кожата, брчки, сува кожа, старосни дамки и пеги.

BioAstinot се препорачува да се користи во топлите месеци за заштита на кожата од штетното влијание на УВ зраците. Доволна е 1 капсула BioAstin на ден, која може да се зема наутро со појадок или пијалак кој содржи масти. Може да го набавите од поголемите аптеки или да го нарачате преку онлајн продавницата на Tримекс или на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

.

Ви препорачуваме да прочитате: Намирници за подобар тен и поубава кожа во лето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: