Имајќи предвид дека вирусот кој ја обележа оваа година е значителен стрес фактор и еден од посилните причинители на оксидативен стрес, се ангажиравме да дознаеме многу повеќе за оксидативниот стрес, како и неговата поврзаност со вирусните заболувања. Во консултација и со помош на Д-р Нела Деспотовска, ги разработивме ризик факторите од оксидативниот стрес, а секако дека ќе може да очекувате и информации што може да се направи за да се заштитиме од него.
Подгответе го имуниот систем за зима во време на пандемија
Имунитетот треба да се јакне секојдневно, а најголемо внимание да се обрне во зимскиот период. Зимата е време кога започнуваат настинките и гриповите, а оваа година го имаме и корона вирусот. За да го намалиме ризикот од разболување, важно е да го подготвиме имуниот систем за зима во време на пандемија.
Д-р Нела Деспотовска советува: Правилна заштита на кожата во летниот период
Сите сакаме лето, нели? – Лесна облека, свежа храна, позитивно расположение и темен тен. Колку и да е здраво сонцето, прекумерното изложување на сончевото зрачење може да има и несакани последици врз кожата. За да спречиме одредени здравствени проблеми, треба да знаеме како да ја третираме и заштитиме кожата. На таа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска која ни објасни што треба да преземеме за заштита на кожата, а истовремено и да ги искористиме придобивките од сонцето.
10 природни начини за подобар имунитет
Имунитетот е тој кој е заслужен за заштита од заболувања. Некои луѓе се разболуваат веднаш штом малку им застуди, додека други се многу поиздржливи. Речиси и да нема човек кој во некој период од животот не се соочил со проблеми предизвикани од ослабен имунитет. Токму затоа, на сите треба да ни е императив да постигнеме подобар имунитет, затоа што веројатноста да останеме здрави што подолго само така е поголема.
10 намирници кои се ефикасен „лек“ за крвните садови
Денес, најголем број од болните лица во светот припаѓаат на групата со кардиоваскуларни болести, а тоа се должи на широк дијапазон на фактори. Еден важен од нив е неправилната исхрана. Токму затоа и колку да изгледа познато и јасно, ќе посветиме малку време на темата и ќе ви прикажеме кои намирници се ефикасен „лек“ за крвните садови и може да помогнат во спречувањето посериозните заболувања.
Топ 5 антиоксиданси и нивната важност за здравјето
8 здравствени придобивки од фстаците
Д-р Нела Деспотовска советува: Што може да помогне при ревматоиден артрит?
Ревматоидниот артрит е хронична прогресивна воспалителна болест која ги зафаќа најчесто носечките зглобови (рацете и нозете). Предизвикува болка, здрвување, отекување и ограничување на движењето и функцијата на зглобовите. Типично болеста се појавува меѓу триесеттата и шеесетта година од животот, а жените почесто заболуваат од мажите. Имајќи во предвид дека голем број на лица страдаат од ревматоиден артрит, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска на оваа тема.
6 придобивки кои ги прават капините домашна супер храна
Има многу причини зошто на вашето мени почесто да се најдат малите слатки капини. Тие изобилуваат со антиоксиданси и витамини, а благодарение на поволниот состав помагаат за превенција на кардиоваскуларни, когнитивни и канцерогени заболувања. Па што чекате, сега им е сезоната и искористете ги максимално!
4 природни начини да ги ублажите вртоглавиците
Речиси и да не постои човек кој барем еднаш во животот не се соочил со вртоглавица и мачнина. Тоа чувство може да биде многу непријатно и да ве примора да легнете или да седнете. За среќа, некогаш може и на природен начин да ги ублажите вртоглавиците со помош на едноставни намирници кои можеби веќе ги имате дома.
Hawaiian Spirulina е кралица на алгите и супер храна за долг живот
Претходно сме пишувале за нутритивните и лековитите својства на Hawaiian Spirulina, а сега ќе ве запознаеме со нови и многу корисни информации. Hawaiian Spirulina се нарекува кралица на алгите од повеќе причини. Таа го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. А што е уште поважно, нејзиното дејство е докажано и можеме да го потврдиме и ние од искуство.
Печурки – моќен лек од природата
На планетава има околу 140.000 видови различни врсти на печурки, но науката е запознаена само со еден мал нивен процент. Благодарение на печурките, откриен е и пеницилиумот. Заедничко за сите печурки е тоа што тие го зајакнуваат нашиот имунитет, иако, тоа во најголема мера важи само за органски одгледаните печурки.
2 причини да консумирате карфиол за превенција од карцином
Карфиолот често се смета за едeн од најздравите зеленчуци во светот, а има и добра причина зошто е тоа така. Тој изобилува со фитохемикалии и високо ниво на антиинфламаторни соединенија кои се способни да спречат рак, срцеви заболувања, заболувања на мозокот, па дури и покачување на телесната тежина. Па, практикувајте често да консумирате карфиол за превенција од карцином! Неговата моќ е чудесна, а сега го има во изобилство на нашите пазари и од него може да припремите разни варива, супи и салати.
Стоп за стареењето! Изберете храна која го продолжува животот
Кажете стоп за стареењето! Изберете храна која го продолжува животот. Сте за запрашале ли дали тоа е возможно? Некои експерти сметаат дека одговорот е во овошјето, зеленчукот, зелениот чај и другата храна која е богата со антиоксиданси и други супстанции кои потенцијално може да го забават процесот на стареење и да го продолжат животот.