Д-р Нела Деспотовска советува: Што може да помогне при ревматоиден артрит?

Ревматоидниот артрит е хронична прогресивна воспалителна болест која ги зафаќа најчесто носечките зглобови (рацете и нозете). Предизвикува болка, здрвување, отекување и ограничување на движењето и функцијата на зглобовите. Типично болеста се појавува меѓу триесеттата и шеесетта година од животот, а жените почесто заболуваат од мажите. Имајќи во предвид дека голем број на лица страдаат од ревматоиден артрит, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска на оваа тема.

Дали исхраната може да помогне за намалување на симптомите на ревматоидниот артрит?

Повеќе луѓе кои што страдаат од артритис започнуваат со алтернативни третмани, меѓу кои е и промена во начинот на исхрана. Храната која го намалува воспалението може да ви помогне за намалување на болката и подобрување на функцијата на зглобовите. Истражувањата покажуваат дека оптималната исхрана за лицата кои страдаат од оваа болест вклучува изобилство на зеленчук, интегрална храна и растителни влакна. Намалувањето или елиминирањето на внесот на производи од животинско потекло, рафинирани јагленихидрати, заситени масти и тутун ги намалува симптомите од болеста.

артрит

Омега-3 масните киселини се едни од природните состојки кои може да помогнат при оваа состојба. Кое е вашето мислење и на што треба да се внимава при избор на суплементи со Омега-3?

Оmega-3 се есенцијални масни киселини неопходни за целокупното здравје и за растот и развојот низ сите фази на животот на човекот. Наречени се есенцијални бидејќи организмот не може да ги создаде самиот и мора да се добијат од храната или додатоците во исхрана. Тие се главни состојќи на клеточните мембрани, неопходни се за клеточна регенерација и репродукција, а хормоните кои ги покренуваат сите функции во организмот, не може да се произведат без нив. Имаат повеќе полезности меѓу кои и антивоспалителното дејство, така што ја намалуваат болката и вкочанетоста на зглобовите.

Некои анти-инфламаторни намирници се богати со омега 3 масни киселини. На прво место се рибите како што се скуша, харинга, лосос или туна. Доколку рибата не е ваша омилена храна, обидете се да јадете повеќе ореви, бадеми, ленено и чиа семе.

Од додатоците в0 исхраната кои се достапни кај нас можеме да ги препорачаме Омега-3 од Now Foods. Станува збор за концентрат од природно рибино масло на NOW кој е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и др. загадувачи). Тоа е единствена молекуларно дестилирана Омега-3, без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма. Капсулите може да се најдат во поголемите аптеки низ Македонија или да се порачаат преку онлајн продавницата на Trimeks. За повеќе информации за полезностите, начинот на употреба посетете ја trimeks.com.mk или јавете се на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h.

омега 3

Антиоксидансите се значајни за елиминирање на слободните радикали и зачувување на здравјето. Дали имаат позитивен ефект при ревматоидниот артрит?

Антиоксидансите освен што ги уништуваат слободните радикали, може да ви помогнат за намалување на воспалението. Истражувањата покажале дека исхраната богата со антиоксиданси може да ја намали болката и воспалението на зглобовите при ревматоиден артрит. Значајни антиоксиданси се витамините А, Ц и Е, како и минералот селен. За да ги внесете во вашиот организам се препорачува да јадете повеќе свеж зеленчук и овошје, јаткасти плодови и да пиете зелен чај.

Доколку имате потреба од дополнителна суплементација со витамин Ц, можеме да го препорачаме AlphaSorb-C. Метаболитите на AlphaSorb-C ја зголемуваат ефикасноста на витаминот Ц, го зголемуваат степенот на искористливост на витаминот Ц за два пати во однос на стандардниот витамин Ц, што е многу значајно во процесот на оздравување. Се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што му обезбедува на организмот поголема можност да апсорбира витамин Ц. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник, па не се јавува вознемирен стомак. Повеќе информации за AlphaSorb-C, начинот на употреба, придобивките, прочитајте на веб страницата на Trimeks, од каде што може и да го нарачате. Исто така, AlphaSorb-C може да се најде и низ аптеките во Македонија.

витамин Ц

Дали постојат додатоци во исхраната (природна алтернатива) кои може да ја намалат болката при ревматоиден артрит?

Пациентите треба да ги следат советите од нивниот лекар и да ја земаат препишаната терапија. Што се однесува до додатоците во исхраната можеме да го препорачаме Serrazimes кој е протеолитички ензим со силно антинфламаторно и антиедематозно дејство. Тој има значајна улога во намалувањето на болката, благодарение на својата способност да го блокира ослободувањето на амините кои предизвикуваат болка во инфламаторното ткиво. Претставува природна алтернатива за нестероидните антиинфламаторни лекови без несакани ефекти. Позитивно делува кај ревматоидниот артрит и се препорачува кај повозрасни лица кои имаат воспаление, болни зглобови и артритис. Повеќе информации за Serrazimes, прочитајте на линкот.

На крај би споменале да се консумира и храна богата со растителни влакна и флавоноиди. Флавонодите се состојки кои што се наоѓаат во храната од растително потекло. Тие може да го намалат воспалението и болката на зглобовите при ревматоиден артритис. Храна која што е богата со флавоноиди се јагодесто овошје, какао, зелен чај, грозје и брокула.

Совет плус: Пред да се одлучите да користите додатоци во исхраната, задолжително консултирајте се со вашиот матичен лекар.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: што е остеопороза и како да се заштитите?

*Комерцијален текст

Сподели: