Ревматоидниот артрит е хронична прогресивна воспалителна болест која ги зафаќа најчесто носечките зглобови (рацете и нозете). Предизвикува болка, здрвување, отекување и ограничување на движењето и функцијата на зглобовите. Типично болеста се појавува меѓу триесеттата и шеесетта година од животот, а жените почесто заболуваат од мажите. Имајќи во предвид дека голем број на лица страдаат од ревматоиден артрит, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска на оваа тема.