Крварењето од носот е често кај децата, но понекогаш се јавува и кај возрасните. Кои се причините за крварење од носот? Дали треба да бидеме загрижени и што може да помогне? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.
Крварење од носот се случува кога ќе пукне еден од крвните садови во слузницата на носот. Истото, може да биде предизвикано од инфекција, повреда, алергиска реакција, чепкање на носот или туркање на предмет во ноздрата. Друго име за крварење од носот е епистакса.

Кои се причините кои предизвикуваат крварење од носот?
Сув воздух, инфекции, алергии… причините за крвавење од носот се повеќе бројни, а најчестите се:
- Сув воздух: Сувиот воздух, кој е чест зимските месеци, како и во летните кога просторијата постојано е климатизирана, може да ја исуши слузокожата на носот, што доведува до крварење.
- Иритирање и повреда: Честото гребење или повреди на носот можат да предизвикаат оштетување на крвните садови.
- Инфекции: Настинките и бактериските инфекции на респираторниот систем можат да предизвикаат воспаление и крвавење од носот.
- Алергии: Алергиските реакции можат да предизвикаат воспаление на носната слузокожа, што може да доведе до крварење.
- Физички напор: Интензивната физичка активност може да предизвика покачен крвен притисок, што може да доведе до крварење.
- Здравствени состојби: Одредени медицински состојби, како што се нарушувања на згрутчувањето на крвта или висок крвен притисок, можат да придонесат за честа појава на крварење од носот.
Како да го превенираме крварењето од носот?
Најважно е да ги препознаеме можните причини и истите да ги елиминираме, секако доколку е возможно.
Одржувајте оптимална влажност на воздухот
Идеалната влажност на воздухот е 45%. Ако влажноста е пониска од 35%, користете овлажнувачи во просториите, особено во зима.
Избегнувајте иритативни супстанци
Чадот, одредени хемикалии и алергени може да бидат едни од можните причинители за течење на крв од носот.
Пијте течности
Пијте доволно течности за да ја одржите слузокожата хидрирана.
Користете назални спрејови
Спрејовите со солена вода можат да помогнат во одржување на влажноста на носот.
Што може да помогне? Кои витамини и други додатоци се препорачуваат?
За да се спречи честото крварење од носот, најважно е да се зајакнат крвните садови и да се подобри здравјето на слузокожата. За да се постигне тоа се препорачуваат:
AlphaSorb-C (Витамин C)
Витаминот Ц е најважниот витамин кој се препорачува кај лицата кои имаат проблеми со крвавење од носот. Овој витамин го поддржува здравјето на крвните садови. Потрудете се да консумирате намирници богати со витамин Ц, а дополнително земете додаток. Го препорачуваме AlphaSorb-C – кој е најдобар извор на некиселинска форма на витамин Ц. Има 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц. Витаминот Ц придонесува за нормално создавање на колаген и нормално функционирање на крвните садови. AlphaSorb-C може да се најде во поголемите аптеки или да се нарача онлајн преку vitamini.mk со бесплатна достава.

MK-7 Vitamin K-2
Витаминот К е добро познат по својата улога во синтезата на голем број фактори за коагулација на крвта и е исто така е важен за формирање на силни, здрави коски. MenaQ7® MK-7 е уникатна без соја, биодостапна форма на витамин К-2 која игра клучна улога во артериското здравје преку нејзината способност за поддршка на соодветен метаболизам на калциум во крвните садови и артериите. За повеќе информации, кликнете на линкот.
Важно: Ако сте преживеале срцев удар, мозочен удар или сте склони кон крвни згрутчувања, пред да почнете да земате витамин К консултирајте се со доктор.
Омега-3 масни киселини
Омега-3 можат да помогнат во намалување на воспалението. Тие се главни состојки на клеточните мембрани, неопходни се за клеточна регенерација и репродукција, а хормоните, кои ги покренуваат сите функции во организмот, не може да се произведат без нив. Помагаат во одржувањето на нормален крвен притисок. Наша препорака се NOW Омега-3. Единствена молекуларно дестилирана, без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма. Овој додаток може да се набави:
- Во поголемите аптеки
- Преку vitamini.mk со бесплатна достава.

Препораки плус:
Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Крварењето од носот е вообичаено кај децата и обично не е сериозно. Но, ако истото е често или продолжено, задолжително побарајте лекарска помош.
Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Здраво срце и крвни садови гарантираат долг животен век.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.
