Во соработка со сајтот „Читај бе“ кои ги интервјуираа нашите уреднички Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска го направивме ова интервју. Бидејќи постот заврши ви предлагаме да го прочитате разговорот на тема: Потребна ли е адаптација после постот?
Изминативе денови почнаа Велигденските пости и токму тоа нѐ инспирира да ви соопштиме убава вест за нов почеток и отворањето на нутри клубот на sezahrana.mk! Нашиот тим е збогатен со нутриционист Марија Апостоловска, која ја интервјуиравме специјално за сите вас и се надеваме дека разговорот кој ќе го прочитате подолу и препораките кои ќе следат во него, за вас ќе бидат корисни.
Долг е списокот на задоволни клиенти, односно над 500-тини соработки ја прават нутриционистката Маја Велковска една од најпознатите во Македонија. Својата експертиза успешно ја нуди скоро 5 години, а веќе неколку години стои и позади инстаграм профилот и веб сајтот – The Healthier You, на кој посветено работи со цел едукација на јавноста за врската помеѓу исхраната и здравјето. Долгогодишното пријателство со оваа позната нутриционистка, ни беше мотивација, заедно со нашите пријатели од компанијата Podravka да се ангажираме и да споделиме грижа и две за вас потполно бесплатни менија – за жени и мажи, кои следат подолу во интервјуто.
Сакаш да го подобриш здравјето или да постигнеш фит форма? Имаш пробано различни диети, но без успех? – Не се откажувај! Заедно со нашите пријатели Podravka го креиравме овој квиз кој за 1 минута ќе ти помогне во постигнувањето на твојата цел.
Акните не се проблем кој ги засега само тинејџерите. Скоро 80% од луѓето се соочуваат со акни во одреден период од животот. И, иако многумина имааат среќа лесно да се справат и да си ја вратат убавината на кожата, има милиони луѓе низ светот кои се обидуваат да го најдат соодветниот продукт кој ќе им помогне да се задоволни со себе и да имаат чиста кожа без акни. Постојат голем број природни решенија, а едно од најважните е здравата исхрана.
Сите хранливи материи делуваат заедно со цел да обезбедат оптимално здравје и секој недоволен внес на било кој нутриент, вклучувајќи го и магнезиумот, може да ја наруши рамнотежата во организмот. Кога има дефицит на некој витамин или минерал, телото дава сигнали. Д-р Нела Деспотовска ни ги претставува најчестите знаци кои укажуваат дека ни е потребен магнезиум.
Често сте под стрес? Пушите? На диета сте? – Во овие ситуации може да настане недостаток на витамини и минерали кои се од голема важност за нормално здравје. Затоа, истите е потребно да се земаат во вид на додатоци во исхраната.
Со доаѓањето на пролетта и нормалната промена на времето, на телото му треба ново прилагодување. При преминот од едно во друго годишно време, она што најмногу треба да внимаваме е здравјето. Бидејќи во овој период настанува голема температурна промена која влијае на организмот, потребно е да се преземат чекори до силен имунитет.
Зошто на организмот му е потребна алкална диета? – Одредена храна има кисели својства и ја зголемува киселоста на организмот кој по природа има алкална средина. Затоа е потребно да се внесува повеќе храна со алкални својства. Еве што се препорачува.
На секој од нас повремено му е потребно чистење на организмот од токсините кои ги внесуваме со храната и пијалаците. А, најдобар начин за ослободување од штетните материи е преку детоксикација на црниот дроб, кој е т.н. лабараторија на организмот. Во денешните услови на живот, кога вирусите и настинките демнат на секој чекор и чекаат „слаба точка“ на нашиот организам, ова е важен чекор за превенција. Како делува детоксикацијата, колку помага и дали штити од болести, дознајте од текстот кој го подготвивме од најновото истражување.
Кога завладеа пандемијата со корона вирусот, секој од нас започна да се прашува како да го зајакне имунитетот, да спречи инфекција и да се бори против вирусот. И тоа е многу нормално, затоа што секој од нас има должност кон себе да се грижи за организмот, за потоа добро да го служи и да се спречи појава и ширење на болестите. Останете до крај со нас и прочитајте кои практични совети и исхрана ви ги предлагаме за посилен имунитет!
Често читаме и слушаме како правилната и балансирана исхрана влијае на телесното здравје и превенција од хронични болети. Ама, дали сте знаеле дека храната има важна улога и во одредување на расположението? – Да, и тоа како! Протеините, витамините…, сите тие имаат посебна важност за менталното здравје на човекот.
Не само што е вкусна, туку е и здрава! Важно е рибата во исхраната да биде често вклучена. Содржи хранливи материи кои го помагаат здравјето, добри масти, витамини, минерали… Придобиквите од рибата се многубројни, а најзначајните се правилна фукнција на мозокот и одржување на здравјето на срцето.
Додатоците во исхраната се концентриран извор на хранливи компоненти со прехранбени или физиолошки својства, сами или во комбинација. Целта им е да ја надополнат исхраната со нутриенти кои човекот не ги добива доволно преку исхраната. На тој начин се зголемува отпорноста на организмот на стресни состојби и се одржува правилна функција на телото. Овие додатоци се потребни бидејќи често настанува недостаток на некој нутриент, па така не е исклучена можноста и за појава не недостаток на витамин Д.
Есента е предизвик за човечкиот имун систем. Се намалува изложеноста на сонце и изборот на храна богата со витамини и минерали е помал. Во овој период најчесто се јавува умор, а се активираат и бактерии и вируси кои предизвикуваат настинки и грип. Прочитајте ги нашите 5 совети за зајакнување на имунитетот во есен.