Д-р Нела Деспотовска советува: Срцевиот удар може да се превенира, еве што помага! 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Срцевиот удар може да се превенира, еве што помага!

Скоро 50% од смртноста во светот се должи на кардиоваскуларните заболувања (КВЗ). Сличен е случајот во Македонија, каде во последните години смртноста поради КВЗ изнесува скоро 60%. Но, важна информација и факт кој сите треба да го запаметиме е дека со здрав режим на исхрана, надополнет со уште неколку здрави навики, ризикот од КВЗ се намалува до 90%, што вклучува и намалување на срцев удар.

Во овoj текст ви нудиме неколку совети во врска со исхраната кои може да ви помогнат да превенирате срцев удар, а исто така и препорака од Д-р Нела Деспотовска, за тоа кој природен суплемент е погоден за зачувување на срцето и крвните садови. Топло препорачуваме да издвоите неколку минути и да прочитате до крај.

Д-р Нела Деспотовска советува: Срцевиот удар може да се превенира, еве што помага! 2

Но прво, кои се најголеми „непријатели“ кои се опасност за срцето?

Ако треба тоа да го срочиме во една реченица, одговорот би бил: високиот крвен притисок пропратен со нездрав животен стил. Високиот крвен притисок ја зголемува опасноста и ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и срцев удар, а добра вест е дека со неколку чекори, здрав начин на живот и исхрана, може да делувате превентивно. Најзначајни фактори кои предизвикуваат оштетувања на кардиоваскуларниот систем се:

  • прекумерна телесна маса
  • долготраен стрес
  • пушење
  • исхрана богата со заситени масти.

Има неколку едноставни начини и намирници кои ќе ви помогнат да ги победите. Јадете помалку сол и црвено месо, пијте помалку кафе и алкохол, ослабете доколку имате вишок килограми, јадете помалку животински масти и многу важно трудете се да се ослободите од стресот што повеќе.

Нездравиот животен стил е поврзан со атеросклерозата, која уште се нарекува артериосклероза, а е состојба која вклучува стеснување на крвните садови. Обично се јавува кога лицето во подолг период практикува нездрава исхрана. Настанува кога мастите кои се акумулирани врз ѕидовите на артериските крвни садови се наталожиле во голема мера, па предизвикуваат опструкција, односно нивно стеснување. Таквото блокирањето на крвните садови ги зголемува причините за прекинувањето на работата на срцето, а покаченото ниво на холестерол во крвта, во најголема мера е предизвикано од нездрава исхрана, иако како значајни ризик фактори се возраста и стресот.

Што се препорачува, а што да се избегнува против срцев удар?

  1. Избегнувајте храна богата со холестерол заситени масни киселини како црвено месо, полномасни млечни производи и жолчка од јајце.
  2. Консумирајте повеќе овошје и зеленчук. Жените кои консумираат по 5-10 порции зеленчук и овошје на ден, имаат 3 пати помал ризик за развој на коронарна артериска болест.
  3. Консумирајте поголеми количини на храна богата со каротеноиди. Една студија покажала дека консумација на овошје и зеленчук богати со каротеноиди, ја намалува концентрацијата на C-реактивниот протеин во крвната плазма (овој протеин е поврзан со воспалителни процеси и со поголем ризик од срцеви болести).
  4. Супстанците кои се наречени флавоноиди исто така се покажале како корисни во превенција на срцеви заболувања. Флавоноидите најмногу ги има во: кељ, брокула, црно грозје, јаболка и житарки.
  5. Јадете повеќе мешунки ( леќа, грав, грашок). Студија во која учевствувале 9000 испитаници покажала дека лицата кои консумираат мешунки 4 пати неделно имаат 22% помал ризик за кардиоваскуларни болести од оние кои консумирале мешунки еднаш неделно или поретко.
  6. Пијте сок од црно грозје. Оваа навика ќе ви помогне да го покачите нивото на добриот холестерол.
  7. Јадете авокадо. Авокадото е богато со корисни масти, а тоа може да ви помогне да го намалите нивото на холестерол во крвта.
  8. Почесто консумирајте јаткасти плодови. Најдобри се оревите, но и другите јаткасти плодови се доста ефикасни за намалување на нивото на серумскиот холестерол.
  9. Вклучете го овесот во исхраната. Овесот е богат со растителни влакна и помага за намалување на нивото на лошиот холестерол.
  10. Изберете интегрални житарки. Тие содржат растворливи влакна кои исто така го намалуваат нивото на холестерол.
  11. Користете ладно цедени масла, како што е ладно цеденото маслиново масло, кое е едно од најдобрите и содржи голема количина на мононезаситени масни киселини – олеинска масна киселина.
  12. Полномасните млечни производи заменете ги со производи кои содржат помал процент на масти.
  13. Избегнувајте внес на црвено месо, а консумирајте повеќе мешунки и риба.
  14. Пијте вода во доволни количини.
  15. Со цел превенција од срцев удар и зачувување на здравјето на срцето, Д-р Нела советува, како додаток во исхраната да земаме по 1 капсула од коензимот Q10 (CoQ10 од NOW), 1-2 пати дневно со храна. Коензимот Q10 (CoQ10) претставува антиоксидант кој има централна улога во производство на клеточната енергија. Oсобено e концентриран во срцето, црниот дроб и бубрезите и откриено е дека производството се намалува со  возраста. CoQ10 делува како моќен елиминатор на слободните радикали во клеточните мембрани, како и во крвните садови. Годините на научни истражувања покажале дека CoQ10 помага да се одржи здраво срце и здрав васкуларен систем. NOW CoQ10 е со фармацевтски квалитет кој содржи само 100% природна форма на CoQ10 произведена со ферментација. За подетални информации и купување јавете се на телефонот 02 32 46 000, посетете ги поголемите аптеки или онлајн продавницата на vitamini.mk од каде имате бесплатна достава.
CoQ10 коензим Q10

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Здраво срце и крвни садови гарантираат долг животен век.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: