10 намирници кои се ефикасен „лек“ за крвните садови

Денес, најголем број од болните лица во светот припаѓаат на групата со кардиоваскуларни болести, а тоа се должи на широк дијапазон на фактори. Еден важен од нив е неправилната исхрана. Токму затоа и колку да изгледа познато и јасно, ќе посветиме малку време на темата и ќе ви прикажеме кои намирници се ефикасен „лек“ за крвните садови и може да помогнат во спречувањето посериозните заболувања.

Општо е познато дека кардиоваскуларните болести претставуваат болести на модерното време и сериозен здравствен предизвик на 21-виот век. Во овие заболувања спаѓаат болестите на срцето и крвните садови, како што се висок крвен притисок, инфаркт, висок холестерол, триглицериди и слично. Меѓу нив едни од најзастапените и најмалку третирани од населението се запушените крвни садови. Направивме мало истражување, а за истото ја консултиравме и Д-р Нела Деспотовска од Тримекс, на која срдечно и се заблагодаруваме за споделените препораки.

намирници кои се ефикасен лек за крвните садови 2

Лук

Уште од дамнешни времиња лукот се користел за лечење на разни болести. Во почетокот, најмногу се користел за третирање на висок крвен притисок и болести на срцето. Постојат докази дека лукот има поволно дејство во спречување на калцификацијата на коронарните артерии.

Сок од брусница

Пијте 3 чаши сок од брусница неделно и успешно ќе ги исчистите артериите. Овој сок ја зголемува способноста на клетките да апсорбираат масти и да произведуваат енергија. Исто така, сокот од брусница не дозволува мастите да се таложат на крвните садови.

Може да ве интересира: 6 здравствени придобивки од брусницата.

Калинка

Калинката е моќен антиоксиданс кој помага во лекувањето на артериите. Таа ги намалува оштетувањата на крвните садови и го спречува напредувањето на болеста.

Може да ве интересира: 4 намирници за силен имунитет.

Маслиново масло

Некои истражувања покажале дека маслиновото масло е фантастична храна која спречува холестеролот да се залепи за крвните садови. Најважни нутриенти во маслиновото масло се мононезаситените масти кои го елиминираат лошиот холестерол.

Риба

Универзитетот Саутемптон спровел студија поврзана со рибата и нејзината улога во превенцијата на запушените артерии. Резултатите покажале дека рибата, а особено туната и лососот, се богати со омега 3 масни киселини. Ако сакате да дознаете повеќе за нив прочитајте ја и темата: ,,Зошто Omega-3 се нарекуваат масти кои живот значат?”

Омега-3 масните киселини спречуваат таложење на мастите во артериите. Мастите кои се наоѓаат во рибите ја спречуваат оксидацијата на холестеролот.

Ви препорачуваме да прочитате: Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет.

На што треба да внимавате при избор на омега-3, 6 и 9 масни киселини?     

Најновите испитувања покажуваат дека омега масните киселини имаат најдобар ефект кога се земаат во комбинација 3-6-9, отколку кога се земаат поединечно. Омега масните киселини треба да се внесуваат константно, бидејќи, како што веќе рековме, организмот не може да ги синтетизира.

Изборот на високо квалитетни додатоци на масни киселини во современиот свет е особено важен, поради големата загаденост на морињата и океаните и присуството на жива. Масните киселини добиени од рибини масла треба да бидат молекуларно дестилирани, без холестерол и со гарантирано чисти износи на масни киселини во нивната природна форма. А токму такви се омега-3 и супер омега 3-6-9 од Now Foods. Овие додатоци во исхраната може да ги порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом или да ги купите низ аптеките во Македонија. За сите прашања кои ги имате во врска со користењето на омега-3 и супер омега 3-6-9, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

омега 3 масни киселини

Овес

Главна состојка на овесот се растворливите растителни влакна кои не дозволуваат покачувањето на холестеролот во крвта. Растителните влакна се врзуваат за холестеролот и помагаат во неговото исфрлање од организмот. Некои нутриционисти сметаат дека ако сакате да го намалите нивото на холестерол за околу 20%, потребно е само да јадете 1,5 до 2,5 шолји варен овес секој ден.

Спанаќ

Спанаќот изобилува со фолна киселина (витамин Б9) и калиум. Помага во превенција на хипертензијата. Ги ослободува артериите така што истовремено го спречува настанувањето на холестеролот. Придонесува во спречување на срцев удар. Лутеинот пак, е уште една компонента која ја има во спанаќот и која штити од макуларна дегенерација, кое е оштетување на очите поврзано со стареењето.

Може да ве интересира: Фолатите се најважни во првите три недели од бременоста.

Домат

Некои корејски истражувачи откриле една биолошки активна компонента во доматот која помага во превенција на болести на крвните садови. Таа компонента е ликопенот, кој на доматот му ја дава црвената боја. Истражувачите откриле дека жените кои консумираат повеќе ликопен имаат помалку проблеми со оштетени артерии. Се смета дека за искористеноста на ликопенот да е поголема, добро е доматот термички да се преработи.

Киви и диња

Една шолја диња или една кива дневно ги одмастуваат артериите. Тоа е така поради високата содржина на антиоксиданси и нивната моќ во намалување на лошиот холестерол.

Грозје

Грозјето изобилува со антиоксиданси и го намалува ризикот од појава на срцеви болести. Најкорисни состојки во неговиот состав се флавоноидите, ресвератролот и кверцетинот. Овие компоненти го спречуваат оксидирањето на холестеролот кое води до појава на атеросклероза.

Совет плус: При секој здравствен проблем, пред да започнете со природна или терапија со лекарства, консултирајте се со вашиот лекар.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: