Кантарионово масло

Кантарионово масло – природен лек за подобрување на различни состојби во организмот

Дали знаете како се добива и кои се придобивките на ова масло? Маслото од кантарион (Oleum hyperici) e доста познато и се добива со преливање на свежи цветови на кантарионот со маслиново масло. Кантарионово масло може да се користи и за надворешна употреба и за јадење. Ја штити кожата од воспалениe, ја хидрира сувата и испукана кожа, а може да се употребува и за масажа бидејќи ја подобрува циркулацијата.

Кантарионот се користи како природен лек уште од добата на старите Римјани, кога најчесто се употребувал за лекување на ментални болести. Денес, се препорачува да се пие чај од кантарион за смирување и како помош за ублажување на стресот.

Кантарионово масло

Зошто ова растение е толку лековито и ценето?

Ефикасните лековити својства на ова растение ѝ се припишуваат на активната состојка хиперицин, која има противвоспалително, смирувачко и регенерирачко дејство. Маслото од кантарион со години се користи како природен лек за рани, изгореници, исекотини и хемороиди.

За внатрешна употреба е одличен лек за болки во желудникот, црниот дроб, против дијареа и цревни паразити. Маслото од кантарион успешно го потиснува неконтролираното мокрење. Во комбинација со други билки може да биде одличен лек за настинка, кашлица и астма.

Кои се придобивките од кантарионовото масло?

Маслото од кантарион го зајакнува имунолошкиот систем и помага во борбата против вирусите. Има бројни позитивни влијанија врз кожата. Ја смирува чувствителната кожа, ги намалува брчките, ја штити кожата од негативните надворешни влијанија, делува антиоксидативно, ја поттикнува обновата на кожата и има антимикробни својства.

Маслото од кантарион е едно од најдобрите масла за нега на дехидрираната, оштетена и чувствителна кожа на лицето, а токму поради тоа е и составен дел од голем број на креми за нега.

Кантарионовото масло поволно делува и на:

  • дигестивниот
  • нервниот
  • репродуктивниот и
  • респираторниот систем.

Има неверојатен ефект врз косата, бидејќи го храни коренот, го зајакнува и го стимулира растот на косата. По долготрајна употреба ја прави косата здрава и сјајна.

Доволно причина за да почнете да го употребувате, нели?

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите масло од кантарион?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: