Летото и сонцето ѝ придаваат на кожата боја и сјај, но истовремено можат да ја исушат, иритираат или оштетат – особено ако не е заштитена доволно. По изложувањето на сонце, кожата често станува сува, дехидрирана и чувствителна. За да се врати нејзината еластичност, сјај и здрав изглед, потребна е соодветна нега на кожата по сончање.
На оваа тема поразговаравме со д-р Нела Деспотовска, која споделува практични совети како природно да ја регенерирате и хидрирате кожата, но и како да ги смирите иритациите предизвикани од УВ-зрачењето.

Што ѝ се случува на кожата по сончање?
По сончањето, кожата доживува „стрес“ од УВ-зрачењето, што може да предизвика дехидратација, иритација и оштетување на клетките.
- Кожата губи влага и станува дехидрирана
- Може да се појави црвенило, лупење или чувство на затегнатост
- Се зголемува ризикот од предвремено стареење
- Можни се воспаленија или појава на дамки.
Како да ја заштитиме кожата? Кои додатоци може да ги препорачате?
Најефективната заштита доаѓа кога се комбинираат надворешната грижа (SPF, нега) и внатрешната заштита (антиоксиданси, хидратација и правилна исхрана).
Најважните додатоци за заштита и регенерација на кожата се:
Антиоксиданси (витамин Ц, Е, цинк, селен)
- Го неутрализираат оштетувањето од УВ-зраците
- Ја подобруваат еластичноста, сјајот и го забавуваат стареењето
- Витаминот Ц помага за создавање на колаген.
Ги препорачуваме:
- AlphaSorb-C – 4 пати поголема апсорпција од обичниот Витамин Ц, 300% поголема биорасположливост.
- Sun-E – NOW® Sun-E ™ 400 е без соја, витамин Е добиен од без ГМО масло од семе од сончоглед.
- L-OptiZinc – L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселина Метионин. Истражувањата покажаа дека овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк.
- Selenium – Придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Омега-3 масни киселини (рибино масло, алги)
- Ги намалуваат воспалителните реакции по сончањето
- Ја подобруваат бариерата на кожата и ја прават поотпорна на сушење.
Препорачуваме NOW Омега-3. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и др. загадувачи).
Астаксантин – BioAstin
- Многу моќен антиоксиданс (10 пати посилен од витамин Е)
- Штити одвнатре од УВ-оштетувањето и ги намалува воспаленијата
- Одличен суплемент за време на летната сезона.
Го препорачуваме: BioAstin, кој придонесува за одржување на нормална кожа, има улога во процесот на специјализација на клетките и придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Споменатите додатоци може да ги набавите:
- Онлајн, преку vitamini.mk со бесплатна достава до дома.
- Во поголемите аптеки низ земјата.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
5 совети за после сончање:
- Пиј многу вода и јади свежо овошје – хидратацијата доаѓа и одвнатре.
- Туширај се со млака вода (не топла).
- Избери нежен, природен гел за туширање без сулфати.
- Веднаш после туширањето, нанеси навлажнувачки лосион или масло.
- Избегнувај пилинзи веднаш по сончање.
Може да те интересира: Како да се справите со стомачен вирус во лето и на почеток на училишната година? – Совети од Д-р Нела Деспотовска.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.
