омега масни киселини

Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет

Сигурно сте слушнале за омега масните киселини, но дали знаете зошто се важни и за кого се препорачуваат? Знаете ли која е разликата меѓу омега-3, 6 и 9 масните киселини? Со цел да ве запознаеме со здравствените придобивки, направивме истражување на оваа тема.

Зошто е потребно да се внесуваат омега масните киселини?

Храната не е само задоволство во животот, таа е исто така важен фактор за нашето здравје и е незаменлив услов за оптимален развој и добро расположение. Омега масните киселини се дел од човековата исхрана, а за нив се знае дека штитат од коронарни срцеви заболувања. Тоа е особено важно кога постојат ризични фактори како што се: старост, покачен крвен притисок, покачен холестерол во крвта. Научно е докажано дека омега масните киселини го кочат натрупувањето на тромбоцитите во крвните садови и влијаат на контракцијата на срцевиот мускул. Во неколку научни истражувања споредени се Ескими и Данци и зачестеноста на појава на артериосклероза и заболувања на срцевите садови. Со истражувањата се докажало дека Ескимите, кои претежно се хранат со разни видови морски животни и покрај многу суровите услови за живеење, во споредба со Данците имаат значително помал број на лица кои страдаат од артериосклероза и срцеви заболувања.

Симптоми на недостаток на омега масни киселини

Доколку омега масните киселини, особено омега-3 и омега-6 есенцијалните масни киселини, не се внесуваат преку исхраната, постои можност за нивен недостаток во организмот. А некои од знаците по кои може да го препознаете недостатокот на омега масните киселини се:

  • брзо заморување
  • сува кожа
  • опаѓање на косата
  • репродуктивни проблеми
  • слаба меморија
  • чести имунолошки нарушувања
  • слаба периферна циркулација
  • менување на расположението и депресија.
омега масни киселини

Омега-3 масните киселини помагаат за одржување на нормално ниво на триглицериди и холестерол во крвта

Омега-3 придонесува за одржување на нормалното ниво на триглицеридите и холестеролот во крвта. Затоа, нутриционистите препорачуваат два пати во текот на неделата да се консумираат риби или производи од риби, бидејќи во рибиното масло има многу омега-3. Притоа, треба да знаете дека постои разлика меѓу слатководните и морските риби. Слатководните риби кои се одгледуваат во рибници, содржат мононезаситена палмитолеинска киселина, додека морските риби се богати со полинезаситени масни киселини. Омега 3 масните киселини во комбинација со CoQ10, се зашитници на срцето и крвните садови. 

Омега-6 масните киселини го зајакнуваат имунитетот

Омега-6 има силно влијание на имуната функција така што ослободува лимфокинини кои ги активираат клетките на имуниот систем за одбрана на организамот. Претставува есенцијална масна киселина која учествува во создавањето и излачувањето на некои хормони од хипофизата, тироидеата и од адреналните жлезди и така директно или индиректно учествува во градењето на имуниот систем во организамот. Освен тоа учествува во создавањето и прифаќањето на некои неуротрансмитери кои учествуваат во одржувањето на расположението и сонот.

Омега-9 за подобро здравје

Омега-9 е олеинска масна киселина која не спаѓа во есенцијалните масни киселини, но преставува добар партнер на претходните две омега масни киселини. Според научните сознанија учествува во намалување на артериосклеротичните промени, го подобрува имуниот систем и има заштитна улога во спречување на развивање на некои канцерогени заболувања.

Уште нешто што е исто така многу важно: омега масните киселини осигуруваат создавање на простагландини. Простагландините се соединенија слични на хормоните кои имаат функција во регулирање на болката и отоците, помагаат во одржувањето на нормалниот крвен притисок, на нивото на холестеролот и учествуваат во преносот на нервните импулси.

омега 3-6-9 масни киселини

Фактори кои ја намалуваат ресорпцијата на омега масните киселини

Досега често пати сме пишувале за значењето на здравата исхрана како клучен фактор за добро здравје. Лошиот начин на живот е еден од факторите кои ја намалуваат ресорбцијата на омега масните киселини. Покрај тоа, други фактори се:

  • возраст
  • лоша исхрана
  • консумирање на храна богата со транс масни киселини (брзи и пржени храни во прегорени масла)
  • консумирање на алкохол
  • недоволен внес на некои витамини и минерали
  • одредени лекови.

На што треба да внимавате при избор на омега-3, 6 и 9 масни киселини?     

Најновите испитувања покажуваат дека омега масните киселини имаат најдобар ефект кога се земаат во комбинација 3-6-9, отколку кога се земаат поединечно. Омега масните киселини треба да се внесуваат костантно, бидејки, како што веќе рековме, организмот не може да ги синтетизира.

Изборот на високо квалитетни додатоци на масни киселини во современиот свет е особено важен, поради големата загаденост на морињата и океаните и присуството на жива. Масните киселини добиени од рибини масла треба да бидат молекуларно дестилирани, без холестерол и со гарантирано чисти износи на масни киселини во нивната природна форма. А токму такви се омега-3 и супер омега 3-6-9 од Now Foods. Овие додатоци во исхраната може да ги порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом или да ги купите низ аптеките во Македонија. За сите прашања кои ги имате во врска со користењето на омега-3 и супер омега 3-6-9, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Омега-3 и супер омега 3-6-9 се квалитетни омега масни киселини се добиени со патентиран процес на производство, фармацевтски степен на квалитет и тестирани во независни лабаратории за отсуство на сите загадувачи од околината (нема диоксини, жива, пестициди или тешки метали). Сигурен извор на масни киселини од реномиран светски производител. Предноста е во квалитетот!

*Комерцијален текст

Ви предлагаме да прочитате: Исхрана за превенција од срцев удар.

Сподели: