Фолна киселина - фолати, клучен фактор за здрава бременост 1

Фолна киселина – фолати, клучен фактор за здрава бременост

Жените кои планираат бременост или веќе се бремени, треба да посветат посебно внимание на снабдувањето на организмот со фолна киселина – фолати. Оваа препорака важи и добива значење уште 3 до 6 месеци пред зачнувањето на плодот.

Името фолна киселна или фолати, потекнува од латинскиот збор „фолиум, што значи лист. Самото име означува дека оваа материја има цврста врска со природата. Откриена е прилично касно, во 1931-вата година, кога тим лекари предводен од Луси Вилс, ги истражувал причините и можностите за лечење на мегалобластната анемија кај трудниците. Освен што била утврдена оваа придобивка за мајките, фолатите придонесувале и за подобра породилна тежина на новороденчињата.

Фолна киселина - фолати, клучен фактор за здрава бременост 2

Фолатите ја поддржуваат бременоста и се неопходни за раст и развој на плодот

Фолатите (витаминот Б9), важат за едни од критичните витамини кои се потребни за здрава и нормална бременост. Токму тоа е една од причините, зошто истиот се додава синтетички во скоро сите пренатални суплементи. За бремените жени, недостатокот на фолатите е посебно ризичен, бидејќи постои можност за потенцијално оштетување на неуралната туба. Тоа може да предизвика дефекти како „Spina bifida“, аненцефалија, срцеви компликации и малформации на екстремитетите.

„Spina bifida“ – дефект на неуралната туба во вид на нејзин нецелосен развој, што подоцна доведува пореметување на функцијата на нервите кои ги контролираат движењата на нозете. Аненцефалија – дефект во затворањето на невралната туба за време на феталниот развој, по што мозокот не се развива како што треба. Притоа, има отсуство на дел од черепот, скалпот и мозокот. Докажано е дека суплементирањето со фолна киселина помага против овие дефекти, помага за продолжување на бременоста до крај и го намалува ризикот од предвремено породување.

Фолатите функционираат како коензим или косупстрат во транферот на единечните јаглеродни врски, во синтезата на нуклеинските киселини (ДНА и РНА) и учествуваат во метаболизмот на аминокиселините. Оттука, бидејќи фолатите се потребни за копирање на ДНА и градење на нови клетки, може да утврдиме зошто се јавува проблем кога има недостаток. Со цел да се избегнат погореопишаните дефекти кај плодот и бебето понатаму во животот, според ФДА неопходна е суплементација. ФДА препорачува 600мг на фолат/витамин Б9 за бремени жени и 400мг за останатите ризични категории.

Може да ве интересира: Фолатите се најважни во првите три недели од бременоста.

Освен суплементација се препорачува и вклучување на т.н. супер храна за здрава бременост како што се зелениот лиснат зеленчук, авокадо, цитрусни плодови и никулци.  

Наша препорака за избор на квалитетен додаток во исхраната

Бидејќи фолатите се важен дел од животот во периодот на бременост и за време на доењето, трудете се да работите на стресот и исхраната. Освен тоа корисно е да земате и квалитетен додаток за исхраната. Имајќи предвид дека има разлики помеѓу производителите, се заинтересиравме да дознаеме како да избереме квалитетен производ. Ја замоливме Д-р Нела Деспотовска да нѐ информира, па ви го препорачуваме Methyl Folate od Now Foods. Тој е биолошки активнa, природнa форма на фолат кој се користи за фундаментални функции на организмот, како што се нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери и ДНК. За разлика од редовната фолна киселина, Methyl Folate докажано навлегува во крвно-мозочната бариера, каде што помага да се поддржи невролошкото здравје. Quatrefolic® е патентирана форма на Methyl Folate со докажана супериорна биорасположивост во споредба со фолната киселина од прехранбените извори. Подетални информации може да прочитате тука.

Ако сакате да го набавите Methyl Folate посетете ги поголемите и добро снабдените аптеки или нарачајте го преку онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: Исхрана и зачеток: 8 намирници за подобра плодност.

*Спонзориран текст.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: