Фолатите и фолната киселина се два поими кои најчесто се врзуваат со трудниците. Често пати се спомнуваат и како витамин Б9, кој е дел од Б комплексот и е растворлив во вода. Неговата улога е поврзана со синтезата на ДНА и конверзија на некои аминокиселини. Гинеколозите ги препорачуваат на сите жени кои планираат бременост или пак е потврдено дека се бремени. Зошто всушност се препорачуваат? – Ви откриваме во овој текст, кои се разликите помеѓу овие два поими, какви се препораките и неколку најважни придобивки за нив.
Овие корисни информации се споделени од фармацевтката Марија Џекиќ-Иванковиќ од Центарот за значајни вредности за истражување на исхраната и метаболизмот во Р.Србија.

Кои се разликите помеѓу фолатите и фолната киселина?
Фолатите (Methyl Folate) и фолната киселина се два облици на витамин Б9. Фолатите се наоѓаат во храната од растително и животинско потекло, додека фолната киселина ја нема во намирниците. Таа се добива синтетички во лабораторија, а можете да ја пронајдете во вид на таблети или додатоци со кои се обогатуваат некои намирници.
„Сите идни мајки треба да земаат фолна киселина уште во периодот на планирање на зачеток. Овој период на првите три недели од развојот на плодот е најважен, а тогаш поголемиот број жени не знаат дека се трудни.“ – вели погоре спомнатата фармацевтка Марија.
Фолатите штитат од канцер
Недостатокот на фолати (Б9) може да доведе до анемија, а тие се корисни затоа што го поттикнуваат создавањето на здрави крвни клетки. Витаминот Б9 учествува во синтезата на неуротрансмитерите кои овозможуваат комуникација помеѓу нервните клетки. Токму затоа фолатите и фолната киселина се од големо значење за целокупниот нервен систем. Една од нивните улоги, е одржување на нормалното ниво на аминокиселината хомоцистеин, што е еден вид заштита од канцер и кардиоваскуларни заболувања.
Фолатите го чуваат плодот – 3 причини зошто е важно мајките да земаат
Фолатите и фолната киселина се неопходни на жените во репродуктивниот период, а посебно пред и за време на бременоста. Тоа е така, бидејќи го штитат плодот од три типа на пореметувања:
- „ Spina bifida“ – дефект на неуралната туба во вид на нејзин нецелосен развој, што подоцна доведува пореметување на функцијата на нервите кои ги контролираат движењата на нозете.
- Аненцефалија – дефект во затворањето на невралната туба за време на феталниот развој, по што мозокот не се развива како што треба.
- Срцеви проблеми.
Колку ни е потребно и доволно?
На возрасните и тинејџери над 14 години, дневно им се потребни 400 микрограма на фолати или фолна киселина. Жените кои планираат бременост или се бремени, по препораките од Светската здравствена организација дневно им се потребни 400-600 микрограма. Посебно е важно е жените да не забораваат да земаат пред забременувањето и во првите 3 недели од бременоста, заради заштита од погоре спомнатите дефекти. Жените кои дојат, исто така се препорачува да продолжат да земаат фолати, затоа што им се потребни просечно 500 микрограма дневно за нивното и здравјето на бебето. Имајќи предвид дека во Европа, повеќе од 50% од бременостите се случуваат непланирано, експертите препорачуваат фолната киселина да ја земаат сите жени во репродуктивниот период. Секако, пред да се прави тоа, добро е да се консултирате со својот лекар.
Како да стигнеме до квалитетен Methyl Folate?
Имајќи предвид дека има разлики помеѓу производителите, се заинтересиравме да дознаеме повеќе и имаме препорака за вас. Сакавме да знаеме како да препознаеме и да избереме квалитетен производ, па ја замоливме Д-р Нела Деспотовска малку поопширно да нѐ информира. Ни го препорача Methyl Folate od Now Foods, кој е биолошки активнa, природнa форма на фолат кој се користи за фундаментални функции на организмот како нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери и ДНК. За разлика од редовната фолна киселина, за Methyl Folate докажано е дека навлегува во крвно-мозочната бариера, каде што помага да се поддржи невролошкото здравје. Quatrefolic® е патентирана форма на Methyl Folate со докажана супериорна биорасположивост во споредба со фолната киселина од прехрнбените извори.
Methyl Folate може да се најде во сите поголеми аптеки или да се нарача од онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Предупредување: Само за возрасни. Стари лица и лица со слаба апсорпцијата на витамин Б-12, треба да се консултираат обавезно со својот лекар. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Да се чува подалеку од дофат на деца.
Ви препорачуваме да прочитате: Исхрана и зачеток: 8 намирници за подобра плодност.
*Спонзориран текст.