Важна за секоја клетка, алфа липоична киселина има широка корист за телото

Сите знаеме дека масните киселини се од големо значење за човечкиот организам, нели? – A дали ја знаеме улогата на една од најважните, позната како алфа липоична киселина? – Во продолжение, прочитајте ги сите придобивки од неа.

Алфа липоичната киселина е масна киселина која се наоѓа во секоја клетка во телото. Природно се продуцира во човечкиот организам во многу мали количини, а исто така е достапна преку исхраната. Нејзината важност во животот на човекот е многу голема, а има и зошто.

придобивки од алфа липоичната киселина 2

Има улога на антиоксиданс и помага во обезбедувањето на енергија

Алфа липоичната киселина е состојка слична на витамините, која меѓу другото, делува и како антиоксиданс. Може да го заштити мозокот од одредени оштетувања, како и да помогне при некои заболувања на црниот дроб. Организмот ја користи и за разложување на јаглехидратите и создавање на енергија потребна за работа на органите. Алфа липоичната киселина спречува да дојде до оштетување на одредени клетки во организмот и воспоставува нормални нивоа на витамините Ц и Е во телото.

Помага во регулирање на холестeролот и телесната маса

Внесот на алфа липоинска киселина до 16 недели со ред (без прекин) го намалува вкупниот холестерол. Исто така, подолгото земање на алфа липоична киселина може да придонесе за намалување на вишокот килограми. Земањето на високи дози (600 – 1800 mg) го намалува чувството на печење, болка и вкочанетост во рацете и нозете кај дијабетичарите.

Се препорачува при болни менструации, ослабено срце, при хемороиди

Некои истражувања укажуваат на тоа дека земањето алфа липоичната киселина самостојно или со други лекови, може да влијае благотворно при случаи на Алцхајмерова болест, стареење на кожата, синдром на карпален тунел, дијабетичка невропатија, болни менструации, ослабено срце, хемороиди, мигрена, болести на периферни артерии, ревматоиден артритис и ишијас.

Во добри природни извори на алфа липоична киселина спаѓаат спанаќ, брокула, прокељ, домат, компир, пивски квасец. Алфа липоичната киселина може да се најде и како додаток на исхраната.

Сите позитивни придобивки може да ги користите за подобрување на вашето здравје, но, ова не значи дека на своја рака треба да земате големи дози, што и да сакате да постигнете. Наша препорака е секогаш, баш секогаш, да се консултирате со лекар кој го следи вашето здравје.

Наша препорака:

Како додаток на исхраната, ја препорачуваме Alpha Lipoic Acid од NOW. Alpha Lipoic Acid претставува моќен антиоксиданс и елиминатор на слободните радикали. Во својот состав содржи витамин Ц и Е. За употреба како додаток на исхраната, Alpha Lipoic Acid се препорачува на сите лица над 40 годишна возраст. Покрај тоа, Alpha Lipoic Acid е:

  • растворлива во масти и вода
  • многу добар додаток за спортисти и активни луѓе
  • поддршка на производството на глутатион
  • вегетеријански/веган производ и без ГМО.

Alpha Lipoic Acid е достапна во повеќето аптеки низ земјава, а може и да ја нарачате со бесплатна достава од онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.

придобивки од алфа липоичната киселина 3

Ви препорачуваме да прочитате: Храна која помага во превенција на проширени вени.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: