Фолатите се најважни во првите три недели од бременоста 1

Фолатите се најважни во првите три недели од бременоста

Фолатите и фолната киселина се два поими кои најчесто се врзуваат со трудниците. Често пати се спомнуваат и како витамин Б9, кој е дел од Б комплексот и е растворлив во вода. Неговата улога е поврзана со синтезата на ДНА и конверзија на некои аминокиселини. Гинеколозите ги препорачуваат на сите жени кои планираат бременост или пак е потврдено дека се бремени. Зошто всушност се препорачуваат? – Ви откриваме во овој текст, кои се разликите помеѓу овие два поими, какви се препораките и неколку најважни придобивки за нив.