третман за плакнење на косата

Третман за плакнење на косата со јаболкова киселина

Омилена за салати, чувар на здравјето, но и на косата! Сигурно имате прочитано дека јаболковата киселина е добра за чистење на организмот и е лековита за целокупното здравје. Но, дали знаете дека и косата ќе ви биде благодарна доколку ја вклучите јаболковата киселина во неделната нега? Ако имате првут или сакате да направите детоксикација на скалпот пробајте го овој едноставен третман за плакнење на косата со јаболкова киселина.

Шампоните и балсамите ги отстрануваат природните масла на косата, па таа станува сува, замрсена и тешко е да се стилизира. Киселините од јаболковата киселина дејствуваат спротивно од нив и ја балансираат кожата, но и природната pH вредност на косата. Здравата коса има pH од 4 – 4,5. Но, поради секојдневното третирање, фарбање, па дури и шампонирање, pH вредноста се покачува, а косата станува сува и разлетана. Е токму тука, јаболковата киселина, особено онаа органската може значително да ја подобри ситуацијата.  Таа има pH вредност измеѓу 2,5 и 3,5. Затоа е најдобро истата да се користи во разблажена форма за плакнење на косата. Таа ги отстранува нечистотиите од косата и ја прави сјајна, мека и ревитализирана.

третман за плакнење на косата со јаболкова киселина

Состојки:

  • 1 л вода
  • 100 мл јаболкова киселина

Начин на подготовка, употреба и делување:

  1. Во еден сад помешајте 1 л вода со 100 мл јаболкова киселина. По ваша желба може да помешате поголема количина на вода и киселина во сооднос 1:10.
  2. Косата измијте ја како и обично, но на крај на миењето исплакнете ја косата со подготвениот раствор од вода и киселина.
  3. Со помош на овој третман може да се ослободите од првутот, кој ќе исчезне уште по првата употреба. Повторувајте ја оваа постапка еднаш во неделата, за превенирање на првут. По третманот нема потреба од дополнително плакнење на косата, бидејќи таа нема да мириса на киселина откако ќе се исуши.

Ви препорачуваме да прочитате: Купка со јаболкова киселина за лекување на кандида.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: