Инспирирани од посетата на Симпозиумот на тема Омега-3 и CoQ10 – моќни додатоци за кардиометаболна протекција, во организација на Здружението на интернисти и Тримекс, решивме да ве запознаеме подетално со улогата и изворите на Омега-3. Насекаде се пишува за значењето и придобивките на нашето тело од екстремно важните Омега-3 масни киселини, па време е да дознаеме повеќе за нив!
Омега-3 претставуваат полинезаситени масни киселини кои имаат драгоцено влијание врз човековото здравје. Нашиот организам не може да ги синтетизира, па токму заради тоа мора да се внесуваат преку храната или пак преку суплементи.
Улога на Омега 3-масните киселини
Овие корисни масти се сметаат за пријатели на здравјето. Есенцијалните масни киселини се градбени материи од кои се произведуваат простагландини, кои регулираат голем број функции во телото, вклучувајќи ги синтезата на хормоните и имуниот одговор. Овие простагландини ги намалуваат воспаленијата, проширувањето на крвните садови, ја намалуваат коагулацијата на крвта и нивото на штетниот LDL холестерол, а во исто време го зголемуваат нивото на добриот HDL холестерол.
Омега-3 посебно се значајни се за:
- кардиоваскуларниот систем
- важни се за намалување на нивото на триглицериди во крвта
- го намалуваат интензитетот на воспалителните процеси
- го зајакнуваат имунитетот
- помагаат при алергии и псоријаза
- поволно влијаат за време на бременост, како врз фетусот, така и врз бремената жена.
Исто така, одлични здравствени придобивки од омега-3 масните киселини се забележуваат при:
- депресија (го подобруваат менталното здравје)
- астма
- покачен крвен притисок
- дијабетес
- остеоартритис (заболувања на коските и зглобовите)
- кожни заболувања
- менструални болки.
Најдобри извори на Omega-3 масни киселини
NOW молекуларно дестилирана Omega-3
Доколку вашиот доктор ви препорачал употреба на Omega-3, важно е да имате во предвид неколку факти. Секогаш изберете квалитетен производ, а можеме да ги препорачаме NOW молекуларно дестилирана Omega-3. Овој додаток во храната претставува природен концентрат на рибино масло произведен од цели сардини, сардели и скуши, со мулти-патентиран процес на производство.
- Единствена молекуларно дестилирана, без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма.
- Фармацевтски степен на квалитет тестиран во независни лабаратории за отсуство на сите загадувачи од околината (нема диоксини, жива, пестициди или тешки метали карактеристични за рибините масла).
Овој додаток во исхраната може да ги порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом или да ги купите низ аптеките во Македонија. За сите прашања кои ги имате во врска со користењето на омега-3, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.
Чиа и ленено семе
Овие семиња со право може да се наречат „магични зрнца“. Покрај тоа што изобилуваат со омега 3 масни киселини, чиа семките се побогати со калциум од млекото, имаат двојно повеќе калиум од бананите и три пати повеќе железо од спанаќот.
Ореви
Иста количина на ореви, како и лененото семе (¼ чаша), содржи 2.8 грама од овие масни киселини. Покрај тоа, оревите помагаат во голема мера за регулирање на нивото на холестерол.
Лосос и сардини
Лососот е познат како најбогата риба со омега 3 масните киселини. Сардините се истакнуваат со висока содржина на здрави масни киселини, а содржат и витамин Б12 и секако корисни протеини.
Ви предлагаме да прочитате: Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет.