покачени триглицериди во крвта

Намалете ги покачените триглицериди во крвта

Триглицеридите се масти кои се неопходни за одржување на човечкиот живот и се најчесто застапени липиди во нашето тело. Кога јадеме, вишокот калории кои организмот не ги користи веднаш, ги претвора во триглицериди кои се складираат во масните клетки и се користат при дефицит на храна. Иако се потребни за организмот, прекумерната количина на триглицерди во крвта има лошо влијание врз здравјето. Со покачените триглицериди се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, срцев и мозочен удар. А со примена на некои совети и правилна исхрана, може да го намалите нивото на покачените триглицериди во крвта. 

Триглицеридите се изградени од глицерол и три масни киселини, а ги имаат следите функции во организмот:

  • обезбедуваат енергија
  • претставуваат примарен чувар на енергија во телото
  • имаат заштитна функција
  • учествуваат во апсорпцијата и транспортот на витамините растворливи во масти (А, Д, Е и К).

Покачените триглицериди во крвта го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести

Колку и да се корисни триглицеридите за нашето тело, високата вредност може да го наруши здравјето. Покачените триглицериди во крвта може да доведат до стеснување на артериите – атеросклероза, болест која го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања. Оваа состојба може да биде предизвикана и од дијабетес, дебелина, проблеми со бубрезите, алкохолизам и генетско влијание. Често пати заедно со покачените триглицериди е покачен и холестеролот во крвта. Покрај тоа што триглицеридите се масти, тие може да се добијат во огранизмот доколку исхраната која ја консумираме е богата со јагленохидрати. Затоа, доколку имате покачени триглицериди се препорачува да го ограничите внесувањето на рафинирани јагленохидрати и шеќери.

покачени триглицериди

Совети од нутриционистите за намалување на покачените триглицериди во крвта

Ако на вашата последна крвна слика, вредностите на триглицеридите се покачени, време е да преземете некои чекори со кои ќе го подобрите здравјето. Еве неколку совети од нутриционистите кои треба да ги практикувате:

Намалете го алкохолот, а доколку нивото на триглицериди е високо, целосно откажете го 

Прекумерното консумирање на алкохол е една од основните причини за покачено ниво на триглицериди. Кај некои луѓе дури и најмалото количество на алкохол може да ги покачи триглицеридите во крвта. Доколку триглицеридите ви се покачени, строго е забрането консумирање на алкохол.

Консумирајте храна богата со растителни влакна

Зголемете го внесувањето на растителни влакна до 30 грама на ден, така што ќе консумирате поголеми количини на овошје и зеленчук. Во исхраната вклучете ги овие 5 намирници кои се богати со растителни влакна, а прочитајте и зошто да ги јадете редовно.

Намалете ги рафинираните шеќери и храната богата со јагленохидрати

Ако имате покачено ниво на триглицериди избегнувајте бел леб, бел ориз и храна која е направена со бел шеќер, како торти, колачи и сладолед. Трудете се белиот леб и ориз да ги замените со интегрални производи.

Редовно консумирајте храна богата со омега-3 масни киселини

Храната која е богата со омега-3 масни киселини може да ви помогне во борбата со триглицеридите. Рибата, јаткастите плодови, лененото семе и лененото масло се одлични извори на омега-3 масни киселини. Само 1/4 шолја ленено семе содржи околу 7 грама омега 3 масни киселини. Научните истражувања покажале дека ова семе го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак, мозочен удар и дијабетес. А, исто така, се препорачува најмалку 2 пати неделно да јадете риба.

Може да ве интересира: 7 најдобри извори на омега 3 масни киселини.

Одржувајте здрава телесна тежина

За да ги намалите покачените килограми, редовно вежбајте и намалете го внесот на калории преку храната. Редовната и умерена физичка активност може да ви помогне да го намалите нивото на триглицериди во крвта за 20-30%. Прочитајте како може со физичката активност да го подобрите здравјето.

Заборавете на цигарите

Откажувањето од оваа навика може да го намали бројот на триглицеридите во крвта и нивото на „лошиот“ холестерол. На тој начин се намалува и ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Ви предлагаме да прочитате: Топ 7 намирници кои ги чистат артериите.

Сподели: