Како да го намалите „лошиот“ холестерол во крвта?

Д-р Нела советува: Како да го намалите „лошиот“ холестерол во крвта?

Голем процент од популацијата во средна возраст, а за жал се’ повеќе и помладите генерации, се соочуваат со покачени вредности на масти во крвта, категоризирани како холестерол и триглицериди. Овој факт претставува сериозна закана по здравјето и е во директна корелација со појавата на атеросклероза, покачен крвен притисок и инфаркт. Посебно е опасно ако е покачен ЛДЛ или лошиот холестерол. Имајќи го предвид сето ова и со намера да споделиме корисни информации, се обративме за помош и разговаравме со Д-р Нела, па еве што дознавме.

Познато е дека на луѓето кои страдаат срцеви заболувања и проблеми со холестерол им се препорачува поголема доза на ниацин. За да ви помогнеме, се консултиравме со Д-р Нела Деспотовска за нејзин предлог на кратки совети и додатоци во исхраната кои можат да бидат од помош. Од разговорот како лесно достапни и корисни додатоци издвојуваме два, а тоа се ниацин и лецитин. Па, во продолжение подетално ви откриваме за што е важен ниацинот и кои се неговите придобивки за регулирање на холестеролот и целокупното здравје. Како и пред самиот крај, кратко ви посочуваме зошто баш лецитинот е одличен за регулирање на холестеролот и заштита на организмот од последиците кои се пропратни ако е покачен во голема мера и на долг рок.

Што е ниацин?

Ниацин (никотинска киселина) е дел од витаминскиот комплекс Б, кој игра значајна улога во метаболичките процеси на организмот. Повеќе од 400 ензими имаат потреба од витаминот Б3 со цел непречено одвивање на метаболичките реакции, преку кои се добива и складира енергија во организмот. Покрај тоа, витаминскиот комплекс Б е неопходен за здрава кожа, коса и очи, здрав црн дроб, а помага и во нормалното функционирање на нервниот систем.

Како да го намалите „лошиот“ холестерол во крвта?

Ниацинот е неопходен за претворање на хранливите материи како што се протеините, јаглените хидрати и мастите во енергија. Тој исто така придонесува за:

  • производство на хормони
  • ја потпомага циркулацијата
  • ги намалува воспаленијата
  • го нормализира нивото на холестерол.

Какво влијание има ниацинот врз холестеролот?

Иако холестеролот често има лоша репутација, покрај „лошиот“ холестерол постои и „добар“, кој е важен за здравјето на срцето. LDL холестеролот, познат како „лош холестерол“ се таложи на ѕидовите на артериите и го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Додека, HDL холестеролот, кој е познат како „добар холестерол“, поминува низ крвотокот, го отстранува штетниот холестерол од артериите и помага во подобрување на срцевото здравје. Притоа, интересно е што ниацинот може да го зголеми HDL холестеролот за повеќе од 30 проценти.

Ниското ниво на HDL во крвта го зголемува ризикот од срцеви заболувања:

  • Кај мажите, ризикот од срцеви заболувања го зголемува вредност на HDL под 40 mg/dL (1,0 mmol/L).
  • За жените, ризикот од срцеви заболувања го зголемува вредност на HDL под 50 mg/dL (1,3 mmol/L).

Што може да се направи за да се зголеми HDL?

Промената на животниот стил и прехранбените навики често пати е ефективен метод за намалување на нивото на лошиот холестерол. Поздрави избори на храна и промена на дневната рутина се од клучно значење за зголемување на HDL:

  • Ако сте пушач, оставете ги цигарите
  • Бидете физички активни (вежбајте или пешачете)
  • Во вашата исхрана вклучете намирници кои може да го намалат нивото на холестерол (ореви, мешунки, црвено вино, спанаќ, овес, маслиново масло)
  • Консумирајте намирници богати со витамин Б3 (говедско месо, риба, кикиритки, путер од кикиритки)
  • Суплементација со витамин Б3 како помош во регулирање на холестеролот. Од додатоците кои се достапни кај нас го препорачуваме ниацинот – Flush Free Niacin од Now Foods, кој не предизвикува црвенила и топлина. Flush Free Niacin содржи Inositol Hexanicotinate, форма на ниацин што се состои од шест молекули на ниацин поврзани со една молекула на инозитол. Полека се разложува во организмот за да обезбеди слободен ниацин и инозитол. Ова постепено ослободување на ниацин овозможува вистинска активност на ниацинот без карактеристичното црвенило на ниацинот, кое многу луѓе не можат да го толерираат. Производот може да го најдете во поголемите аптеки или да го порачате онлајн преку продавницата на Тримекс (доставата е бесплатна).
ниацин

Зошто се препорачува лецитин за регулација на холестеролот?

Лецитинот го уништува (растура) “лошиот” холестерол во крвта и спречува седиментите на маснотии измешани со минерали, да се таложат долж ѕидовите на вените и артериите, што резултира со срцеви проблеми. Исто така, го спречува формирањето на ваквите наслаги и со тоа го спречува покачувањето на крвниот притисок и ги намалува шансите за срцев и мозочен удар.

Лецитинот е најзастапен фосфолипид во организмот, особено присутен во виталните органи како срце, мозок, црн дроб и нервниот систем. Претставува клучен градежен материјал на клеточните мембрани, чија улога е да ги пропушта хранливите материи во клетките и да ги елиминира штетните материи од клетките. Now® Sunflower Lecithin (лецитин од сончоглед) има фосфатидил холин, најзастапен фосфолипид во клеточната мембрана, па е избрана препорака од нашата докторка.

Д-р Нела советува: Како да го намалите „лошиот“ холестерол во крвта?

Повеќе за полезностите на лецитинот од сончоглед и употребата прочитајте на веб страницата на Trimeks, од каде што може и да го порачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Trimeks на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Има ли несакани ефекти поврзани со земање високи дози на додатоците?

Високите дози на ниацин може да предизвикаат стомачни тегоби и да предизвикаат црвенило или чешање на кожата. Исто така, може да го зголеми ризикот од високо ниво на шеќер во крвта или дијабетес тип 2, инфекција, оштетување на црниот дроб, мозочен удар или крварење. Затоа, како важно посочуваме, додатоците со ниацин да се користат само со претходна консултација со вашиот доктор кој е запознаен со вашето здравје.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да го намалите покачениот холестерол во крвта?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Текстот е поддржан од Тримекс.

Сподели: