Како да го намалите „лошиот“ холестерол во крвта?

Д-р Нела советува: Како да го намалите „лошиот“ холестерол во крвта?

Голем процент од популацијата во средна возраст, а за жал се’ повеќе и помладите генерации, се соочуваат со покачени вредности на масти во крвта, категоризирани како холестерол и триглицериди. Овој факт претставува сериозна закана по здравјето и е во директна корелација со појавата на атеросклероза, покачен крвен притисок и инфаркт. Посебно е опасно ако е покачен ЛДЛ или лошиот холестерол. Имајќи го предвид сето ова и со намера да споделиме корисни информации, се обративме за помош и разговаравме со Д-р Нела, па еве што дознавме.