депресија

Храна која помага при депресија и лошо расположение

Статистиките велат дека секој петти човек страда од депресија во некој период од животот, а жените се двојно повеќе склони кон депресија во споредба со мажите.

Симптомите на депресија се: постојана тага, повлекување на болниот во себе, несоница, губење на апетит, чувство на беспомошност и безвредност, зголемување или намалување на телесната тежина, пад на енергетско ниво, па дури и мисли за самоубиство. Овие причини се доволни за да ѝ посветиме повеќе внимание на оваа болест.

Во понатамошниот текст ви претставуваме план кој ќе ви помогне успешно да се изборите и да ја спречите депресијата. Со правилна исхрана и со соодветен третман, значително ќе се намалат шансите од депресивното расположение.

депресија

Бидејќи храната која што ја внесуваме во организмот има големо влијание врз расположение, секогаш треба да внимаваме што консумираме. За да го подобрите вашето расположение, во исхраната вклучете:

  • житарки
  • зелен лиснат зеленчук
  • мешункасти плодови
  • риба
  • јајца
  • авокадо
  • банани
  • кајсии
  • моркови
  • пивски квасец
  • школки
  • месо
  • млечни производи.

Дел од овие намирници се богати со витамини од Б групата кои што имаат огромна улога за нормално функционирање на нервниот систем. Експертите сметаат дека внесувањето на поголеми количества витамини Б помагаат во лекувањето на полесни форми на депресија, анксиозност, раздразливост и слабо паметење.

Што треба да се избегнува при лошо расположение и депресија?

Нездравите грицки, алкохолот и пивото водат во подлабока депресија. Покрај тоа, постојат намирници кои што го намалуваат нашето расположение и истите треба да се ограничат или целосно да се исфрлат од исхраната. Тоа се:

  • шеќер
  • скроб
  • компири
  • тестенини
  • конзервирана храна
  • полномасно сирење
  • чадена риба
  • соја сос
  • телешки и пилешки црн дроб.

Се препорачува да го намалите внесувањето на кофеин, газирани пијалаци и топло чоколадо, особено во вечерните часови, бидејќи тие предизвикуваат несоница.

Освен здравата исхрана, од голема корист при депресија е физичката активност. Редовните вежби, прошетките во природа и медитацијата го релаксираат организмот.

Сподели: