домашна супер храна

6 придобивки кои ги прават капините домашна супер храна

Има многу причини зошто на вашето мени почесто да се најдат малите слатки капини. Тие изобилуваат со антиоксиданси и витамини, а благодарение на поволниот состав помагаат за превенција на кардиоваскуларни, когнитивни и канцерогени заболувања. Па што чекате, сега им е сезоната и искористете ги максимално!

Иако малините се попопуларни и почесто се користат, капините се многу поздрави и по хранливи. А покрај тоа, тие се и подеднакво вкусни како и сите други бобинкасти овошја. Во продолжение дознајте зошто експертите ги нарекуваат капините супер храна.

капинки

Капините се богати со антиоксиданси

Сигурно не сте знаеле дека капините содржат многу повеќе антиоксиданси од јагодите, боровинките и малините.

Содржат големи количини на витамин К

Само една рака капини дневно задоволува 1/3 од вкупните потреби за витамин К. Антикоагулантните својства на витаминот К ги прават капините одлична храна за жените кои страдаат од болни ПМС симптоми. Витаминот К ја регулира продукцијата на хормони и ги намалува болките предизвикани од грчеви. Исто така, може да им биде од корист на жените кои имаат обилни крвавења.

Капините може да помогнат против кардиоваскуларни заболувања

Една од најзначајните функции на витаминот К во организмот е да ја регулира прераспределбата на калциумот, насочувајќи го во коските. На тој начин го спречува калциумот да се наталожи во артериите. Редовната консумација на капини може да придонесе до намалување на крвниот притисок и да го намали ризикот од срцеви напади.

За подобра концентрација и здравје на мозокот јадете капини

Некои истражувања покажаа дека капините се особено здрави за мозокот. Редовната консумација на капини може значително да ги подобри когнитивните способности и концентрацијата. За тоа се заслужни полифенолите кои ги содржат капините, но и манганот кој придонесува за подобра функција на нервните синапси.

Капините го штитат телото од хронични воспаленија

Редовната консумација на капини го заштитува телото од хронични воспаленија. Едно истражување докажало дека кај лицата кои редовно консумираат капини се намалил ризикот од чир на желудник до 88 %. Капините, исто така, имаат анти бактериски својства. Стоматолозите забележале дека консумацијата на капини го намалуваат бројот на инфекции во усната шуплина, затоа што тие делуваат само на инфицираните клетки.

Капините поседуваат антиканцерогени својства

Неколку истражувања покажаа дека капините поседуваат антиканцерогени својства. Полифенолите кои ги содржат капините, ги спречуваат мутациите на клетките. Овие моќни антиоксиданси особено се корисни  за лицата кои се изложени на зголемен ризик од канцер на бели дробови. За антоцијанините – специјални полифеноли кои капините ги содржат, докажано е дека превентивно делуваат против растот на малигните тумори на белите дробови. Витамините К1 и К2, кои ги содржат капините исто така ги превенираат малигните промени. Тие делуваат на туморите така што ги менуваат молекулите на нивните рецептори.

Ви препорачуваме да прочитате:  Капините може да превенираат и да го забават растот на карциномот.

Сподели: