Со доаѓањето на зимата, многумина забележуваат дека почесто настинуваат, чувствуваат замор или подолго време се опоравуваат од инфекции. Ова не е случајно, туку се должи на намалениот имунитет во зимскиот период.
Често пати третирањето на извесни здравствени состојби може да биде поедноставно од што очекуваме, а најсложеното е да се знае најлесниот пат. Во таа насока и имајќи предвид колку честа и голема е процентуалната застапеност на автоимуните заболувања кај популацијата направивме ново истражување. Истражувањето се однесува на т.н. Коимбра протокол, кој во светски рамки е популарен и докажан.
Витаминот Д-3 е витамин растворлив во масти. Се разликува од останатите витамини, по тоа што е единствениот кој телото може да го произведе. Неговата синтеза започнува во кожата, каде под влијание на сончевата светлина 7-дехидрохолестерол преминува во провитамин Д-3, којшто понатаму се претвора во витамин Д3 (холекалциферол). Има повеќе улоги во организмот, а најпознат е како сончев витамин кој е од особено значење на коските и забите.
Остеопорозата можеби кај нас и не е толку познато заболување како што се кардиоваскуларните и малигните болести, но сепак оваа болест зема се поголем замав во светот. Доколку не се дијагностицира на време и не се почни веднаш со нејзин третман, таа може сериозно да го наруши квалитетот на нашиот живот и да доведе до скршеници кои предизвикуваат инвалидитети. Исхраната и правилниот начин на живот имаат голем удел во превенција и третман на остеопороза па затоа во продолжение прочитајте ги информациите кои сакаме да ги споделиме со вас.