ленено брашно 1

Ленено брашно за полесно слабеење

Сигурно веќе сте слушнале за придобивките од лененото семе и неговата важност во правилната исхрана. Претставува здрава намирница, со голем број на полезности. Денес сѐ повеќе се зборува за него, а и се настојува да се применува што повеќе во подготовка на разни јадења. Од семето се прави ленено брашно кое и тоа како помага при слабеење.

Богато со хранливи состојки и голем број придобивки за здравјето, лененото семе почнува да наоѓа широка примена во исхраната. Може да се користи како семе, а често од него се прави и брашно, за кое се мисли дека дури и е подобро отколку да се консумира цело семе.

ленено брашно 2

Важноста на лененото брашно во исхраната

Ленот е една од најважните намирници во здравата исхрана. Она што го прави лененото семе толку посебно е надворешната обвивка која е составена од 5 слоеви. Првиот, надворешен слој содржи слузава материја (епидерм) која се активира во допир со течност. Лененото семе е богато со растворливи и нерастворливи растителни влакна кои ги чистат цревата и го подобруваат варењето на храната. За целосно искористување на придобивките од ленот, најдобро е да го употребите како брашно. Брашното се добива со мелење на семето. Може сами да го направите така што ќе го измелите лененото семе или едноставно да си го купите. Иако се нарекува брашно, не е потребно да биде зготвено за да може да се консумира.

Како лененото брашно помага при слабеење?

Сакате да ги намалите килограмите или да ги подобрите прехранбените навики? – Лененото брашно треба да биде дел од намирниците редовно вклучени во исхраната. Богато е со нутриенти, има бројни здравствени придобивки и е одлична замена за белото брашно. Не содржи глутен, па може да го користат и лица кои се интолерантни на глутен. Често се користи за подобрување на дигестијата и против запек. Исто така, помага и во намалување на лошиот холестерол, а со тоа и го подобрува здравјето на срцето и крвните садови. Богато е со растителни влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Лененото брашно делува лаксативно. Ги чисти цревата од токсини и го поттикнува растот на добри бактерии. Содржи и лецитин кој помага во разградување на нездравите масти во дигестивниот тракт. 25% од лененото семе се комплетни протеини со висок степен на искористливост во организмот. Лененото брашно му обезбедува на организмот витамини од Б комплексот, калиум, магнезиум и цинк. Содржи лигнан – фитоестроген со силни антиоксидативни, антивирусни и антибактериски својства кој позитивно делува на здравјето на мозокот.

Како да го употребувате лененото брашно?

Постојат разни начини на кои може да го употребувате лененото брашно секојдневно:

  • додајте 1 лажица ленено брашно во овесен оброк или свежа салата
  • при подготовка на разни сосови
  • измешајте го со јогурт или кефир
  • користете го во интегрално тесто за леб, колачи, палачинки, кифли и слично.

Ви препорачуваме да прочитате: Лененото семе е еден од најдобрите природни лекови против опстипација.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: