прелив за салати

Здрав прелив за салати, приготвени зеленчуци и варени компири

Салатите, печените зеленчуци и варените компири се одлично решение доколку сакате да се храните здраво и диетално. Може да ги конзумирате во секое годишно време, како додаток во менито или пак како главен оброк. Тие се здрави и полни со нутриенти, а се многу повкусни кога се сервирани со прелив за салати, затоа што преливот го збогатува нивниот вкус.

ленено брашно 1

Ленено брашно за полесно слабеење

Сигурно веќе сте слушнале за придобивките од лененото семе и неговата важност во правилната исхрана. Претставува здрава намирница, со голем број на полезности. Денес сѐ повеќе се зборува за него, а и се настојува да се применува што повеќе во подготовка на разни јадења. Од семето се прави ленено брашно кое и тоа како помага при слабеење.

посни крекери 1

Посни крекери од семиња без брашно

Во последно време сме во потрага по вкусни, лесни и здрави грицки за долгите филмски вечери. А, и сакаме да експериментираме во кујната. Па, така, пробувајќи разни комбинации од семиња, го добивме рецептот за посни крекери и тоа без употреба на брашно.

масло од лен против брчки

Природен третман со ленено масло за кожа без брчки

Освен што е здраво за консумација, лененото масло како да е создадено за нега на кожата! Посебно се препорачува за сува и чувствителна кожа, кожа која е перутава или ѝ недостига свежина и сјај. А, она што посебно нè интересира сите нас е секако, свежото и мазно лице, па истражувавме и откривме како лесно да го постигнете тој ефект. Еве едноставен и природен начин за домашен третман со ленено масло за кожа без брчки!

најдобри семиња за подготовка на смути

7 најдобри семиња за подготовка на смути

Доколку имате навика често да консумирате салати и смути, оваа листа на семиња е идеална за вас! Со додавањето на семиња во овошна или зеленчукова комбинација, се зголемуваат витамините, минералите, протеините и здравите масти во оброкот. Во продолжение дознајте кои се најдобри семиња за смути, а се препорачани од нутриционистите.

ленено семе и масло од лен 1

6 здравствени придобивки од популарните ленено семе и масло од лен

Лененото семе е состојка која е добро да ја имате во кујната и на менито, а со постапка на ладно цедење од него се добива корисното масло од лен. Лененото семе и маслото од него, се идеални за отстранување на мастите и токсините од телото, го подобруваат метаболизмот, го намалуваат нивото на шеќер во крвта, го регулираат апетитот и одлични се за здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Домашен интегрален леб со четири семиња

Мирисот на топло печениот леб е еден од најомилените во кујната! А кога лебот е направен со интегрално брашно и со четири семиња – лен, сусам, тиква и сончоглед, тогаш е вистинско уживање за очи и душа. Одвојте малку време и направете домашен интегрален леб.

ленено масло за здравје

Ленено масло за добро здравје на срцето

Исклучително здравото ленено масло има блага арома и карактеристичен вкус, а се добива со цедење на семето од лен.  Тоа е извонреден извор на есенцијални масни киселини, растителни влакна, витамините Б, Ц и Е, како и многубројни минерали – магнезиум, калциум, калиум, железо, фосфор и селен.