ленено семе и масло од лен 1

6 здравствени придобивки од популарните ленено семе и масло од лен

Лененото семе е состојка која е добро да ја имате во кујната и на менито, а со постапка на ладно цедење од него се добива корисното масло од лен. Лененото семе и маслото од него, се идеални за отстранување на мастите и токсините од телото, го подобруваат метаболизмот, го намалуваат нивото на шеќер во крвта, го регулираат апетитот и одлични се за здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Лененото семе изобилува со важни минерали како железо, калциум, натриум и фосфор, со незаситени киселини, како и голем број на протеини и ензими. Посебно е богато е со витамините Б1, Б2, Ц, Е и провитамин А. Па, каква суровина, таков производ, нели?! – Штом е така, веќе сите знаеме дека од лененото семе со постапка на ладно филтрирање на ниски температури, се добива нова, исклучително корисна намирница. Па, да дознаеме повеќе за здравствените карактеристики.

ленено семе и масло од лен 2

Лененото семе е одличен лаксатив

Ова семе изобилува со масла и растителни влакна, па затоа е добар прочистувач на организмот. Консумирајте го во состав на смути, салати или разни домашни пити и лебови.

Лененото семе има антивоспалително дејство

Омега 3 масните киселини, кои се наоѓаат во лененото семе имаат антивоспалителни дејства. Многу клинички истражувања покажале дека ова семе може да се користи во лекувањето на високиот холестерол, срцевите заболувања и Шегреновиот синдром (хронично автоимуно заболување).

Лененото семе помага против опстипација

За да се ослободите од опстипацијата, секое утро, на гладно изедете една лажица сурово ленено семе, притоа џвакајте го колку што можете повеќе. Освен сурово, може да го попарите со млака вода и да го оставите да стои најмалку 6 часа, па да го изедете пред спиење. Вака подготвено ќе стане слузесто. А слузот од лененото семе ја обложува слузокожата на желудникот и ја штити од воспаленија.

Масло од лен како помош при висок холестерол

Високиот холестерол го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, па затоа е важно навремено да преземете мерки. Покрај консумацијата на ленено масло треба да направите и промени во исхраната, со што на здрав начин ќе го намалите холестеролот и ќе го подобрите здравјето.

Масло од лен за заштита на здравјето на срцето и зголемување на мускулната маса

Благодарение на големата количина на омега 3 масни киселини кои ги содржи, маслото од лен се вбројува во една од најздравите намирници на светот. Тоа е најбогат извор на алфа-линоленска киселина (полинезасителна масна киселина) која сочинува 57% од вкупните масти во ленот. Една лажица лененото масло содржи 8 грама на алфа-линоленска киселина. Студиите покажуваат дека лицата кои консумираат храна богата со алфа-линоленска киселина може да го намалат високиот крвен притисок, а исто така имаат помал ризик од фатален срцев удар.

Масло од лен како помош при воспаленија на цревата и за подобар имунитет

Неколку истражувања потврдија дека маслото од лен го смирува воспалението на цревата. Благодарение на високата содржина на слузни материи кои ги содржат, лененото семе и лененото масло се ефикасни природни лаксативи, кои помагаат при запек и го забрзуваат метаболизмот.

Колкава количина на ленено семе и масло од лен ви е потребна?

Препорачаните количини на ленено семе се 1 до 2 мали лажички на ден, а за лененото масло 1 лажица на ден. За подобра апсорпција на лененото семе измелете го и додадете го во готовите јадења, салатите, домашните печива или колачите.

Наша препорака

Ако се одлучивте да ги вклучите во исхраната, ви препорачуваме да ги изберете квалитетното ладно цедено масло од лен од Фила и лененото семе од Фила, кои може да се најде во поголемите маркети низ Македонија. Исто така, може да ја посетите и онлајн продавницата, каде што може да купите ленено масло од 250 мл и ленено масло од 500 мл по најповолни цени. Неговото поволно дејство ни е испробано и сме утврдиле дека делува, а ако имате прашања во врска со користењето на лененото масло, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk

А знаете ли што е ново на нашиот пазар?

Од неодамна на нашиот пазар може да се најде природен сапун со ладно цедено масло од лен. Имајќи предвид дека кожата е нашиот најголем орган, ја споделуваме оваа корисна информација со вас. Денес, повеќе од било кога, живееме во ера на парфеми и неверојатно голем избор на производи за нега и грижа за кожата, но реалноста, односно големиот број на инфекции, иритации и други состојби на нарушено здравје на кожата, и воопшто намалено севкупно здравје го потврдува спротивното. Во таа состојба неминовно се наметнува прашањето, каде грешиме. На сите тие модерни пенливи купки, гелови за тело, антибактериски сапуни и миризливи лосиони достапни за секој џеб и сечиј вкус, ние сепак не знаеме како правилно да се грижиме и да ја негуваме нашата кожа. Затоа подарете и на вашата кожа еластичност преку природен пат, со природниот рачно изработен сапун Фила, кој е изработен со ладно цедено масло од лен. Како резултат на есенцијалните масни киселини кои се присутни во маслото од лен, преку овој сапун ќе овозможите подобра нега на вашата кожа, ќе ја регенерирате и смирите. Ако сакате да го нарачате, тоа можете да го направите и преку нивната онлајн продавница и да ви стигне на домашна адреса. Кликнете тука и погледнете повеќе за тоа. Лесно е нели?!

сапун од лен

Ви препорачуваме да прочитате: Ленено масло за добро здравје на срцето.

*Спонзориран текст.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: