медитерански полнети печурки

Полнети печурки во медитерански стил

Превкусна и здрава верзија на пица, која мора да ја пробаш во прва прилика! Овој рецепт е одличен избор за оние кои се на диета со мал број на калории, не конусмираат глутен или житарици. Медитеранските полнети печурки се прават за 5 минути, се печат околу 10 минути, а ќе ги снема од чиниите за 1 минута. Наш совет е да ја дуплираш количината на состојки, затоа што рецептот е фантастично добар!

Може да се послужат како прилог, а во комбинација со салата ќе добиеш соврешен оброк. Еве што ти е потребно за да ги направиш:

mediteranski polneti pecurki

Состојки:

  • 4 -6 големи шампињони
  • 2 лажици ладно цедено сончогледово масло од Фила
  • 1 мала лажица оригано
  • 1-2 чешниња ситно сечкан лук
  • ¼ чаша доматен сос или кечап 
  • ½ чаша моцарела или кашкавал по избор
  • 10 сечкани шери домати
  • 4-6 маслинки. 
состојки за полнети печурки со пица фил

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 230 степени. Тавата обложете ја со хартија за печење или премачкајте ја со масло.
  2. Извадете ја дршката на печурките и наредете ги во тавата.
  3. Шери доматите исчекајте ги на кругови. Извадете ги семките од маслинките, а потоа исечкајте ги на кругови или на половини.
  4. Во мал длабок сад ставете ги маслото, ориганото и лукот. Измешајте ги. Со оваа смеса премачкајте ги печурките. 
  5. Потоа ставете доматен сос, рендана моцарела, парчиња домати и маслинки.
  6. Печурките печете ги околу 8 до 10 минути, додека омекнат, а моцарелата се растопи. Сервирајте ги со сечкан магдонос по желба и послужете ги додека се топли. На здравје! 

Нутритивната анализа е:

нова нутритивна анализа за Фила

Дали знаеш дека?

Ладно цеденото сончогледово масло се произведува по пат на ладно пресување на семето во специјални преси на температура не повисока од 40°C. Оваа постапка на ладно цедење е едноставен метод на гмечење на семето, без употреба на топлина и хемиски растворувачи (т.е без рафинирање на производот), при што се добива чисто масло во кое се задржани вкусот, аромата и нутритивните вредности на семето. 

Од палетата на Фила може да избереш ладно цедено сончогледово масло од 500 мл, 750 мл, 1000 мл. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница.

Може да те интересира: Посно фахити – мексиканско јадење од печен зеленчук во тортиљи.

*Рецептот е овозможен од Фила.

Сподели: