ленено масло за здравје

Ленено масло за добро здравје на срцето

Исклучително здравото ленено масло има блага арома и карактеристичен вкус, а се добива со цедење на семето од лен.  Тоа е извонреден извор на есенцијални масни киселини, растителни влакна, витамините Б, Ц и Е, како и многубројни минерали – магнезиум, калциум, калиум, железо, фосфор и селен.

Маслото од ленено семе е најдобар и природен извор на Омега-3 масните киселини кои што се потребни за здрава функција на кардиоваскуларниот, коскениот, нервниот, респираторниот и дигестивниот систем. Повеќето од половина масти кои ги има во семето на ленот, ја сочинуваат алфалиноленската киселина (омега – 3). Маслото од ленено семе содржи исто така Омега-6 и Омега-9 есенцијални масни киселини кои се во природен идеален сооднос.

Во кулинарството, лененото масло се користи во салати и како додаток во некои јадења. Не се препорачува да се загрева, бидејќи при високи температури неговите корисни состојки се губат.

ленено масло

Здравствени придобивки од консумацијата на ленено масло

Некои нутриционисти, истражувачи и научници веруваат дека маслото од ленено семе можеби е најважниот додаток за подобрување и одржување на здравјето. Тоа е корисно за:

  • Помага во зголемувањето на мускулната маса, а тоа резултира со поголема потрошувачка на калории.
  • Високиот процент на растителни влакна, го поттикнува варењето и помага во регулирање на метаболизмот на масти во крвта
  • Редовната употреба на сурово ленено масло може да спречи појава на мозочен и на срцев удар, артеросклероза и ги ублажува срцевите проблеми.
  • Делува превентивно при карцином на дојка, јајници, простата, како и појава на камен во жолчката.
  • Помага за зајакнување на имунитетот
  • Ги ублажува симптомите на менопауза, егзема, псоријаза, како и болките во зглобовите.

Ако сакате да го вклучите лененото масло во вашата исхрана, како проверена алтернатива можеме да ви го препорачаме квалитетното ладно цедено масло од лен од Фила, кое може да се најде во поголемите маркети низ Македонија или во нивната онлајн продавницата, каде што е достапно во две пакувања и тоа ленено масло од 250 мл и ленено масло од 500 мл со најповолни цени. Ако имате потреба од консултација околу начинот на консумација, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk.

Ви предлагаме да прочитате: Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

Сподели: