Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок

Во последно време често се зборува за здравствените придобивки од консумацијата на масло од лен, но малку луѓе знаат што содржи и зошто е корисно за здравјето. Консумацијата на масло од лен помага за намалување на холестеролот, високиот крвен притисок, го забрзува метаболизмот, го подобрува здравјето на срцето…

Со зголемувањето на свеста за здравата храна, нутриционистите сѐ повеќе го препорачуваат ленот во исхраната. Тој е добар извор на растителни влакна, калиум, омега 3 масни киселини и други хранливи материи. Според Земјоделскиот институт Томас Џеферсон, лененото семе во својот состав содржи 40% на масло. Од таа количина, 55% му припаѓаат на здравите омега 3 масни киселини. Неговите хранливи состојки се разликуваат од другите семиња кои се користат за производство на масло, како што е сончогледот.  Затоа, добро е да знаете за што е корисно и како може да направите најдобар избор кога купувате ленено масло.

масло од лен

Маслото од лен е еден од најбогатите извор на алфа-линоленска киселина и го штити здравјето на срцето

Благодарение на големата количина на омега 3 масни киселини кои ги содржи, маслото од лен се вбројува во една од најздравите намирници на светот. Тоа е најбогат извор на алфа-линоленска киселина (полинезасителна масна киселина) која сочинува 57% од вкупните масти во ленот. Една лажица лененото масло содржи 8 грама на алфа-линоленска киселина. Повеќе за значењето на есенцијалните масни киселини и нивната функција во организмот, прочитајте тука. Студиите покажуваат дека лицата кои консумираат храна богата со алфа-линоленска киселина може да го намалат високиот крвен притисок, а исто така имаат помал ризик од фатален срцев удар.

Ако имате воспаление на цревата и запек, консумирајте ленено масло

Лененото масло може да биде корисно во исхраната кај лица кои имаат кронова болест или колитис. Неколку истражувања потврдија дека маслото од лен го смирува воспалението на цревата. Благодарение на високата содржина на слузни материи кои ги содржат, лененото семе и лененото масло се ефикасни природни лаксативи, кои помагаат при запек и го забрзуваат метаболизмот. Тие се вбројуваат во најдобрите 5-те намирници кои го забрзуваат метаболизмот на природен начин.

Намалете го покачениот холестерол со масло од лен

Ако имате висок холестерол, во исхраната вклучете го маслото од лен. Високиот холестерол го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, па затоа е важно навремено да преземите мерки. Покрај консумацијата на ленено масло треба да направите и промени во исхраната, со што на здрав начин ќе го намалите холестеролот и ќе го подобрите здравјето.

Лененото масло исто така помага за:

  • намалување на ризикот од канцер
  • помага за раст на здрава коса и нокти
  • го подржува здравјето на кожата
  • ги намалува симптомите при менопауза
  • може да ви помогне при согорување на мастите во телото
  • помага при синдром на суво око.

Ако се одлучивте да го вклучите во исхраната, ви препорачуваме да си изберете квалитетното ладно цедено масло од лен од Фила, кое може да се најде во поголемите маркети низ Македонија. Исто така, може да ја посетите и онлајн продавницата, каде што може да купите ленено масло од 250 мл и ленено масло од 500 мл по најповолни цени. Неговото поволно дејство ни е испробано и сме утврдиле дека делува, а за сите прашања кои ги имате во врска со користењето на лененото масло, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk

Ви препорачуваме да прочитате: Античкото црно семе е моќен лек и во денешницата.

Сподели: