5 намирници кои го забрзуваат метаболизмот на природен начин

Јадете ги овие 5 намирници кои го забрзуваат метаболизмот на природен начин и бидете здрави! Замислете, колку би било убаво во маркетите да има дел каде што би биле сместени сите намирници кои го забрзуваат метаболизмот. Што би имало тука? Газирани сокови, сладолед, колачи? Не би рекле…

Ако имате проблеми со бавно варење на храната и констипација (запек), време е да преземете мерки. Овие состојби доведуваат до сериозни последици, меѓу кои и појава на рак на дебелото црево. Доколку преработената храна во цревата не се отстрани од телото навремено, токсините се таложат и со тек на времето се јавуваат воспаленија на цревата кои понатаму може да доведат и до канцер. Имајќи во предвид дека ракот на дебело црево е се позачестен во Македонија, треба посериозно да и се пристапи на темата и да се преземат соодветни мерки.

Колку од вас сметаат дека генетската предизпозија е виновникот за бавниот метаболизам? Или, колку мислат дека нивниот партнер може полесно да ја намали телесната тежина, а тие многу време вложуваат во диети, внимаваат на исхраната и тешко ги намалуваат килограмите? Доколку ги јадете овие намирници во правилни количини и правилно време во текот на денот, ќе го забрзате метаболизмот и полесно ќе ги намалите килограмите.

Лененото масло го забрзува метаболизмот, го олеснува слабеењето и ги намалува воспаленијата

Лененото масло е природен лубрикант на цревата и има улога на лаксатив, кој помага за лесно движење на храната низ дигестивниот систем. На овој начин, лененото масло му помага на телото да се ослободи од преработената храна побрзо, со што се олеснува детоксикацијата на телото и се забрзува намалувањето на вишокот на килограми.

Една студија објавена во 2015 година, во списанието Nutritional Journal докажа дека лененото масло кое се применува во режимите на исхрана за слабеење, не само што му помогнало на испитаниците да ја намалат тежината, тоа исто така покажало позитивни ефекти за намалување на воспалението. Тоа значи дека доколку го вклучите леното масло во исхраната, не само што ќе ослабите, туку ќе имате и други придобивки за здравјето.

Боровинките се богати со антиоксиданси и го штитат здравјето

Постојано се зборува дека на секому му требаат повеќе антиоксиданси. Секој од нас купува храна богата со антиоксиданси, но дали знаеме што се тие? Дознајте повеќе за нив и откријте ги 7-те причини зошто да јадете храна богата со антиоксиданси. Боровинките се едни од најбогатите овошја со антиоксиданси кои помагаат и за забрзување на метаболизмот. Покрај тоа, во една чаша свежи боровинки има 3.6 грама растителни влакна и 86 калории.

намирници кои го забрзуваат метаболизмот

Бадемите изобилуваат со здрави масти

Бадемите се едни од најздравите намирници кои се богати со хранливи материи. Доколку изедете мала количина на бадеми, ќе внесете голема количина на здрави состојки и добри калории. Една порција бадеми (30 грама) е одличен извор на витамин Е, кој е познат антиоксиданси, а се добар извор на растителни влакна, кои помагаат да се чувствувате сити подолго време. Бадемите содржат здрави масти за срцето. Девет клинички истражувања во последните 13 години покажаа дека 30 грама бадеми на ден може да го намалат холестеролот. Затоа штом почувствувате глад, наместо грицки, изберете бадеми!

Спанаќот е богат извор на растителни влакна и железо

Зелениот лиснат зеленчук како што е спанаќот, е богат со многу хранливи материи во споредба со другата храна. Спанаќот може да ви помогне во превенција на остеопороза, срцеви заболувања, рак на дебелото црево како и артритис. Тој е богат со железо и растителни влакна. Половина чаша варен спанаќ содржи 7 грама растителни влакна со што се задоволуваат околу 30% од дневните потреби на организмот. Може да го јадете свеж во салати или да го приготвите на пареа.

Јадете лосос и искористете ги придобивките од омега 3 масните киселини

Иако содржи повеќе калории во споредба со другите риби, лососот содржи малку заситени масти, богат е со протеини и омега 3 масни киселини кои се значајни за срцето. Здравите масти во неговиот состав го забрзуваат метаболизмот без да ги покачат килограмите. Покрај тоа, лососот е одличен извор на селен, ниацин и витамин Б12. Исто така содржи фосфор, магнезиум и витамин Б6.

Ви предлагаме да прочитате: 7 најдобри извори на омега 3 масни киселини.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: