прелив за салати

Здрав прелив за салати, приготвени зеленчуци и варени компири

Салатите, печените зеленчуци и варените компири се одлично решение доколку сакате да се храните здраво и диетално. Може да ги конзумирате во секое годишно време, како додаток во менито или пак како главен оброк. Тие се здрави и полни со нутриенти, а се многу повкусни кога се сервирани со прелив за салати, затоа што преливот го збогатува нивниот вкус.

А наместо да купувате, сега можете да си направите дома супер вкусен прелив за салати, приготвени зеленчуци или варени компири. Едноставен за подготовка и направен од здрави состојки и тоа ладно цедено масло од лен, јаболков оцет, лук, мед и сенф! Единствено што ви треба е желба за готвење и малку креативност.

Здрав прелив за салати, приготвени зеленчуци и варени компири

Состојки:

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги сите состојки и изблендирајте за да добиете хомогена смеса.
  2. Додајте свежи зачини по желба.
  3. Преливот чувајте го во стаклен сад и протресете го пред употреба.

*По желба, маслото од ленено семе може да го замените со маслиново масло.

Нутритивна анализа прелив за салата

Совети плус:

Основата за добар прелив се состои од квалитетно масло и оцет. За подготовка на овој рецепт ние го избравме маслото од лен на нашите пријатели Фила. Тоа е ладно цедено масло без хемиски компоненти, добиено по постапката на ладно пресување на семето. Маслото од лен е одличен извор на омега 3 и омега 6 масните киселини. Како главни придобивки од ладно цеденото масло од ленено семе можеме да ги издвоиме:

  • го зајакнува имунитетот
  • содржи голем процент на растителни влакна
  • богато со витамините Б,Ц и Е
  • богато со минерали
  • го подобрува варењето на храната
  • корисно за срцето.

1-2 лажици ленено масло на ден ги обезбедува дневните потреби на омега 3 и омега 6 масните киселини во организмот. Ова масло може да го набавите во поголемите маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на Фила. Ладно цеденото масло од ленено семе е достапно во пакување од 500 мл и 250 мл.

Ладно цедените масла, како што е маслото од ленне е преорачливо термички да се обработуваат. За да се зачува нивната хранлива вредност подобро е да се додадат во храната откако истата ќе се свари, на пример во чорби или супи, сосови или за подготовка на прелив за салати.

масло од лен

За сите новости и акции, заследете ја Фила на Facebook – ФИЛА МАСЛО и Instagram – @fillacoldpressedoils.

Ви предлагаме да прочитате: Здрава и лесна крем чорба од тиква.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан од Фила.

Сподели: