гастрит

Исхрана при гастритис предизвикан од Helicobacter Pylori

Helicobacter pylori (H. pylori) е бактерија која што е одговорна за повеќето улцери (чирови) и воспаленија на желудникот (хроничен гастритис). Бактеријата може да го ослаби заштитниот слој на желудникот, при што дигестивните сокови ја иритираат осетливата внатрешна површина на желудникот.

Симптоми при гастритис предизвикан од хеликобактер пилори

Повеќето луѓе ја имаат бактеријата во желудникот, но не добиваат улцер или гастритис. Консумацијата на кафе и алкохол, пушењето го зголемуваат ризикот од улцер предизвикан од хеликобактер пилори.

Доколку имате улцер или гастритис, може да имате некои од следните симптоми:

  • абдоминална болка
  • надуеност и чувство на ситост
  • лошо варење на храната
  • може да се чувствувате многу гладни по 1 до 3 часа од јадењето
  • гадење (може да биде пропатено со повраќање).

Храна која се препорачува при гастритис предизвикан од хеликобактер пилори

Основно правило за начинот на исхрана при гастритис е консумација на многу свежо овошје и зеленчук. Антиоксидансите кои што се наоѓаат во овошјето и зеленчукот е утврдено дека се многу корисни во намалувањето на хеликобактер пилори во цревата. Храната богата со витамините А и Ц треба да зазема поголем дел од исхраната. Каротеноидите исто така треба да бидат вклучени во изобилство. Храна која што е богата со овие антиоксиданси е:

  • спанаќ
  • сладок компир
  • легуминози
  • моркови
  • брокула
  • јаготки.
гастритис

Покрај тоа, исхраната при инфекција со хеликобактер пилори треба да биде богата со растителни влакна од свежото овошје, зеленчук и флавоноиди кои ги има во јаболката, брусницата, кромидот и целерот. Сулфоранот кој што го има во брокулата и карфиолот е многу корисен при третман на оваа бактерија. Исто се препорачува консумација на:

  • житарки во цело зрно
  • зелен лиснат зеленчук
  • диња
  • пиперки (не смее да се консумираат лути)
  • легуминози
  • сушено овошје.

Од лековитите растенија се препорачуваат ориганото и мајчината душица, кои помагаат да се намали бројот на бактериите во цревата. Лукот и кромидот имаат антибактериски својства и треба да се вклучат во исхраната, затоа што помагаат во уништувањето на хеликбактер пилори. Куркумата го стопира развојот на бактериите и го зајакнува имунитетот. Чај од сушен корен на ѓумбир се препорачува за намалување на симптомите при гастрит.

Храна која треба да се избегнува при гастритис предизвикан од хеликобактер пилори

Храна која што треба да се избегнува се обичните шеќери и преработената храна. Шеќерот е идеална средина за раст и развој на бактериите, па треба максимално да се избегнува. Храната која треба да се исклучи при гастритис е:

  • чоколадо
  • млечни производи
  • црвено месо
  • преработена и брза храна
  • кисели краставички
  • прекумерна употреба на сол
  • алкохолни пијалаци.

Витамини и суплементи

Кај лицата кои што имаат гастрит е забележан недостаток од витамин Б12. Хеликобактер пилори го попречува создавањето на витаминот Б12 во цревата, а тоа доведува до неправилно апсорбирање на хранливите материи. Суплементите кои што содржат пробиотици се препорачува да се користат затоа што помагаат да се размножат корисните бактерии во цревата. Доколку имате проблеми со хеликобактер, консултирајте се со вашиот матичен лекар, за да одреди дали за вас се потребни суплементи кои содржат Б12 или пробиотици.

Да запаметиме дека исхраната при гастритис треба да биде богата со витамините А, Ц, железо и каротеноиди. Храната која е богата со калциум и витамините од Б групата треба да биде вклучена, а секогаш треба да се избира храна со помалку масти за да може да се намали нивото на киселината во желудникот.

Сподели: