сируп од коприва 1

Направете сами сируп од коприва

Го сметаат за универзален еликсир за чистење на организмот и јакнење на крвта. Природниот сируп од коприва помага при анемија, проблеми со бубрезите, астма и губење на коса. Всушност, станува збор за домашен сок кој гарантираме дека ќе го обожава секој што ќе го проба.

Месец март, односно почетокот на пролетта е време кога се собираат листовите од коприва. Па, ако сте набрале коприва и не знаете како да ја искористите, еве една супер идеја. Важно за овој сируп е да избирате млади листови од комприва, односно листовите на врвот и 3-4 листови под врвот. Сирупот подготвен на овој начин, има трајност од 6 месеци.

сируп од коприва 2

Состојки:

  • 400 г свежи, млади листови од коприва
  • 7 лимони
  • 1 л филтрирана вода
  • 800 г кафеав шеќер или стевија
  • 5 супени лажици ливадски мед

Подготовка:

  1. Листовите од коприва добро измијте ги. Потоа ставете ги во поголем длабок сад.
  2. Исечете 5 лимони на кришки.
  3. Врз копривата истурете ја филтрираната вода и ставете ги исечените лимони. Покријте го садот и оставете смесата да отстои 24 часа.
  4. Изгмечете ги листовите од коприва и кришките лимон, а потоа смесата процедете ја.
  5. Во процедената смеса додајте го кафеавиот шеќер или стевијата. Убаво измешајте.
  6. Исцедете ги преостанатите 2 лимони.
  7. Сокот од лимоните додајте го во засладената смеса.
  8. Варете го сирупот додека да зоврие и уште 5 минути откако ќе почне да врие. Мешајте постојано.
  9. Сварениот сируп оставете го малку да се излади, а потоа додајте го медот. Измештајте.
  10. Вака подготвениот сируп од коприва турете го во стаклени шишиња или тегли.

Ви препорачуваме да прочитате: Напиток од вино, листови капина и коприва против анемија.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: