напиток со вино и капина

Напиток од вино, листови капина и коприва против анемија

Има многу причини зошто на вашето мени почесто да се најдат малите слатки капини. Тие изобилуваат со антиоксиданси и витамини, а благодарение на поволниот состав помагаат за превенција на кардиоваскуларни, когнитивни и канцерогени заболувања. Во народната медицина се користат за различни намени, меѓу кои и за зајакнување на крвта. Пребарувајќи низ интернет, го пронајдовме овој рецепт за напиток од црвено вино, листови капина и коприва против анемија.

Сите три состојки кои се користат се познати сојузници за зајакнување и прочистување на крвта, па веруваме дека нивната комбинација благопријатно ќе делува на организмот.

напиток со вино и капина против анемија

Напиток од капина, коприва и вино против анемија

Состојки:

  • 50 г суви листови капина
  • 50 г суви листови коприва
  • 1 литар домашно црвено вино.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Сувите листови од капини и коприва ставете ги во црвеното вино. Оставете ги да отстојат за време од 24 часа.
  2. Потоа, садот со виното и листовите ставете го на оган. Варете го напитокот околу 5 минути.
  3. Садот тргнете го од огнот и оставете го напитокот да се излади. По желба засладете го со шумски мед. Ставете го во шише со капак и чувајте го во фрижидер.
  4. Од овој напиток пијте по 1 чаша секој ден.

Напомена: Бидејќи напитокот содржи алкохол, не се препорачува за трудници, доилки и деца.

Ви препорачуваме да прочитате: Капините може да превенираат и да го забават растот на карциномот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: