правилна комбинација на храна и вино 1

Која е правилната комбинација на храна и вино?

Знаете ли која храна со какво вино да ја искомбинирате? Сте се запрашале некогаш зошто една храна се препорачува со бело, а друга со црвено вино? – Постои цела наука за виното и храната која го проучува спојувањето на овие две намирници за целосно гастрономско уживање. Во текстот кој го подготвивме ви откриваме како да направите правилна комбинација на храна и вино.

Како што знаете, виното се добива со ферментација на грозјето на виновата лоза. Добредојдено е на секоја трпеза, пријател на човекот во моментите на среќа, веселба, грижа и тага. Во некои култури е дел од секој оброк, а служи и за готвење на некои јадења. Поради составот и неговите хранливи вредности, виното се вбројува во храна.

комбинација на храна и вино 2

Поделба на виното

Науката за виното прави неколку поделби и тоа: според бојата, остатокот на неферментиран шеќер, својствата и технологијата на производство и според вкусот. Според бојата виното се дели на бело, розе и црвено. По остатокот на неферментиран шеќер, тоа може да биде суво, полусуво, полуслатко и слатко. Според својствата и технологијата, се разликуваат мирни, пенливи и ликерски вина. По вкус, виното може да биде кисело, слатко, горчливо, алкохолно и танинско.

Типови ароми на вината

  • Примарни ароми – доаѓаат од сортата на грозје
  • Секундарни ароми – ароми кои настануваат во процесот на алкохолна ферментација
  • Терцијарни ароми – настануват со одлежување на виното

Кое вино со која храна се комбинира?

Спарувањето на виното и храната е значаен елемент на винската култура. Виното е пијалок кој најдобро се комбинира со храната и се надополнуват едно со друго. Во умерени количини, виното го зголемува апетитот, го подобрува вкусот на храната и допринесува за добро расположение. Задача на правилната комбинација на храна и вино е да се зголеми гастрономското уживање.

Со врвните и најквалитетни вина, кои нудат посебни вкусови за уживање, обично се служи едноставна храна. И спротивно, исклучителната храна, особено кога треба да се јаде топла најчесто „бара” добри, а не врвни вина.

Лесно вино – лесна храна. Нарачавте свежа салата? – Не нарачувајте јако црвено вино затоа што вкусот на салатата би се изгубил. Исто така, ако јадете нешто со многу протеини или со интензивен вкус не е добро да се комбинира со бело вино. Белото вино оди со бело месо. Црвеното вино се комбинира со темно месо.

Белите вина имаат тенденција да одат добро со меки сирења, кои имаат посилен, повеќе нагласен вкус и мирис. Црвените вина обично одат подобро со тврди сирења кои имаат многу послаби ароми. Вкусот на солените сирења ја надополнува и балансирa слаткоста на десертните вина.

Правила кои треба да ги знаете ако пробувате повеќе видови на вино

  • Белите вина секогаш се служат пред црвените
  • Најпрво се нудат млади и лесни, а потоа потешки, екстрактни и одлежани вина
  • Послабо ароматичните се пред посилно ароматичните

Изборот на чашата зависи од изборот на вино!

Ви препорачуваме да прочитате: Ресвератрол – моќна состојка со која изобилуваат грозјето и виното.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: